ВО НИШ ИМА ПОВЕЌЕ ОД 130 САКРАЛНИ ОБЈЕКТИ / SAKRALNI OBJEKTI NIŠA, JUČE, DANAS, SUTRA (VIDEO)
Да ли знаете дека во Ниш има повеќе од 130 сакрални објекти?
Некои се кријат од очите на јавноста, но фотографот Благоје Илијевски ги забележал претходните две години и сега ги изложува во Галеријата на Нишкиот културен центар.
Изложбата во организација на Здружението на граѓани на македонското национално малцинство од Нишавската околија „Вардар“ е отворена до 17 ноември, а влезот е бесплатен.
Авторот Благоје Илијевски вели дека обишол пет општини во Ниш, односно околу 70 селски и приградски населби, каде забележал сакрални објекти кои се кријат од очите на јавноста. Еден од нив е ромското светилиште зад Цветниот пазар.
Не се види, но луѓето го посетуваат. Видов кога бев таму луѓето доаѓаат, палат свеќи, се молат… Тоа е светилиште кое постои повеќе од 400 години. Тоа светилиште Евлија Челебија го опишал во своите патописи на Балканот, а една руска научничка напишала докторска дисертација на 300 страници, која ја одбранила на Московскиот универзитет, вели Илијевски.
Сакралните предмети не успеал да ги забележи во воените објекти, освен во воената болница, за што добил дозвола од надлежните. Сепак, тој фотографирал 119 објекти, а останатите фотографии се од таканаречените записи.
Вчера слушнав дека во Ниш тие се викат – записи, додека во Неготино, во Тимок, се викат заветина. Значи, во Ниш имаме 19 записи и една заветина. Тоа се места каде што немало цркви, туку на тие места се празнувале и одбележувале сите црковни празници, вели авторот на изложбата.
Ова е трета изложба на истиот автор, член на Здружението на граѓани на македонското национално малцинство од Нишавската околија, „Вардар“.
Една од целите на Здружението на Македонците „Вардар“ во Ниш е конкретен придонес за збогатување на културните настани во градот, како и претставување на поединци, припадници на македонската национална заедница во Ниш и Србија кои се ангажирани во културно творештво, вели Благе Петрушевски, претседател на Здружението „Вардар“.
Првата изложба беше посветена на мостовите во Ниш и неговата околина, а втората на изворите и извориштата на Ниш.
Da li znate da u Nišu postoji više od 130 sakralnih objekata?
Neki su skriveni od očiju javnosti ali ih je fotograf Blagoje Ilijevski u prethodne dve godine zabeležio i sada izložio u Galeriji Niškog kulturnog centra.
Izložba, koju je organizovalo Udruženje građana makedonske nacionalne manjine Nišavskog okruga, “Vardar” otvorena je do 17. novembra a ulaz je besplatan.
Autor, Blagoje Ilijevski kaže da je obišao pet niških opština odnosno oko 70 seoskih i prigradskih naselja gde je zabeležio sakralne objekte koji su skriveni od očiju javnosti. Jedan od njih je romsko svetilište iza Cvetne pijace.
Ne vidi se, ali ljudi ga posećuju. Ja sam video kad sam bio tamo da ljudi dolaze, pale sveće, mole se… To je svetilište koje postoji preko 400 godina. Ćak je i Evlija Čelebija u svojim putopisima po Balkanu opisao to svetilište, a jedna ruska naučnica je na 300 stranica napisala doktorsku disertaciju koju je i odbranila na moskovskom univerzitetu, kaže Ilijevski.
Sakralne objekte na vojnim područjima nije uspeo da zabeleži, osim u vojnoj bolnici za šta je dobio dozvolu nadležnih. Ipak 119 objekata je fotografisao, a ostali su tzv zapisi.
Juče sam čuo podatak da se to u Nišu tako zove – zapisi, dok se u Negotinu, u Timočkoj krajini to naziva zavetinama. Znači, imamo 19 zapisa i jednu zavetinu u Nišu. To su mesta gde nisu postojale crkve, ali su svi crkveni praznici proslavljani i obeležavani na tim mestima, kaže autor izložbe.
Ovo je treća izložba istog autora, člana Udruženja građana makedonske nacionalne manjine Nišavskog okruga,“Vardar”.
Jedan od ciljeva Udruženja Makedonaca “Vardar” u Nišu je i konkretan doprinos obogaćivanju kulturnih dešavanja u gradu, kao i predstavljanje pojedinaca, pripadnika makedonske nacionalne zajednice u Nišu i Srbiji koji se bave kulturnim stvaralštvo, kaže Blage Petruševski, predsednik Udruženja „Vardar“.
Prva izložba je bila posvećena mostovima u Nišu i okolini, a druga izvorima i izvorištima Niša.
Ovaj projekat sufinansiran je sredstvima Ministarstva kulture i informisanja Republike Srbije. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove organa koji je dodelio sredstva.