БОЖИЌ: КАКО ГО ПРОСЛАВУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО НИШ / KAKO BOŽIĆ SLAVE MAKEDONCI U NIŠU

БОЖИЌ: КАКО ГО ПРОСЛАВУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО НИШ / KAKO BOŽIĆ SLAVE MAKEDONCI U NIŠU

БОЖИЌ

Припадниците на македонското национално малцинство, верниците кои живеат во Ниш, како и сите македонски верници каде и да живеат, го слават Божиќ, еден од најголемите и највеселите христијански празници.

Има ли разлики во божиќните обичаи во Македонија и кај нас во Ниш, Србија?

Поранешните, постари обичаи до кои се придржувале нашите предци се разликувале од место до место, како и денешните, но поранешните и сегашните обичаи имаат некои заеднички карактеристики.

Вообичаени се следните обичаи: Бадниот ден се слави насекаде на 6 јануари (според јулијанскиот календар) а Божиќ на 7 јануари; на Божиќ, домаќинот и неговите синови внесувале Бадник (гранка од даб или цер) и слама во домот; Бадниот ден е последниот ден од Божиќните пости, тој ден не се оди во гости, но секој се труди да го помине во кругот на семејството, со богата посна храна; и ништо не се позајмува од дома.Кај народот постои и верување дека на Божиќ не треба да се расправаме со никого, а ако сме во кавга со некого, мора да се помириме.

Кога ќе се внесе Бадник во куќата, најчесто се остава до иконата и на подот се расфрла слама, а овој чин се смета за најава за божиќните празници.

На некои места на Бадниот ден за вечера се замесува погача, во кој се става паричка, погачата се превртува како славскиот колач а потоа домаќинот ја крши на онолку делови колку што има членови на домаќинството и дел за Бога. и куќата.

На некои места се оваа погача се прави на Божиќ.

Да, на некои места вечерата се става на под и тука се вечера, а на некои нормално на маса.

Во Македонија сè уште постои обичај на Бадниот ден, наутро рано децата се собираат и ги посетуваат куќите на своите соседи, роднини и пријатели. Доаѓаат до вратата – портите и таму пеат божиќни песни и тропаат на вратата. Домаќините им ја отвораат вратата и им даваат на децата нешто, најчесто овошје или пари. Овие деца се нарекуваат „Коледари“.

Вообичаено е на Божиќ да се стане рано, да се оди во црква на утринската литургија, а потоа да се врати дома каде веќе е подготвен богат ручек. На масата покрај ручекот, вообичаено е да се стави сад со свежа зелена пченица во која се пали свеќа. На Божиќ, по ручекот, се оди кај кумовите, роднините и пријателите да си го честитаме Божиќ.

Тој што прв ќе влезе кај нас се вика положајник и кога ќе влезе на домаќините им посакува среќен Божиќ и ги благословува, да имаат добро здравје и успешна година, а домаќините се трудат да го угостат најдобро што можат и да му подарат нешто во согласност со нивните способности. Положајникот остава ситни пари под Бадник и му дава на домаќинот шише вино. Во денешно време домаќините однапред се договараат со лицето, за кое сметат дека им донесува среќа и радост, да им бидне положајник и кога да им дојде, а тоа е претежно некое дете.

BOŽIĆ

Pripadnici makedonske nacionalne manjine, vernici koji žive u Nišu, kao i svi Makedonci – vernici gde god da žive, obeležavaju Božić, jedan od najvećih i najradosnijih hrišćanskih praznika.

Da li ima razlike u običajima za Božić u Makedoniji i ovde u Nišu, Srbiji?

Raniji, stariji običaji kojih su se pridržavali naši predci razlikovali su se od mesta do mesta, kao i današnji, ali raniji i sadašnji običaji imaju neke zajedničke karakteristike-obeležja.

Zajednički su sledeći običaji: Badnji dan se svuda obeležava 6. januara (po julijanskom kalendaru), a Božić 7. januara; za Badnji dan domaćin sa sinovima u dom unosi badnjak (granu od hrasta ili cera) i slamu; Badnji dan je zadnji dan Božićnog posta, taj dan se ne ide u goste već se svi trude da ga provedu u krugu porodice, uz bogatu posnu hranu; iz kuće se na Badnji dan ništa ne iznosi.

U narodu postoji i verovanje da se na Badnji dan ne pozajmljuju tuđe stvari i da na ovaj dan ne treba da se ni sa kim raspravljamo, a ako smo sa nekim u zavadi, da se obavezno pomirimo.

Kad se Badnjak unese u kuću, obično se ostavlja pored ikone, a slama se prostira po podu, i ovaj čin se smatra kao najava Božićnih praznika.

U nekim mestima se za Badnji dan, za večeru mesi česnica (pogača) u koju se stavlja novčić, pogača se vrti kao slavski kolač i domaćin je lomi na onoliko delova koliko ima ukućana, ali se odvaja i deo za Boga i za kuću, a u nekim mestima to se radi na Božić.

U nekim mestima večera se postavlja na podu i tu se večera, a u nekim, normalno na stolu.

U Makedoniji još uvek postoji običaj da na Badnje jutro, rano pre nego što se razdani, deca se okupljaju i zajedno obilaze kuće svojih komšija, rođaka i prijatelja. Dođu do vrata – kapije i tu pevaju božićne pesme i kucaju na vrata. Domaćini im otvaraju vrata i decu daruju nečim, ko šta ima, obično voćem ili parama. Ta deca se zovu „Koledari“.

Običaj je da se na Božić ustaje rano, da se ide na jutarnju liturgiju u crkvu a posle toga se dolazi kući gde je već pripremljen bogat ručak. Na stolu uz jela za ručak, običaj je da se postavi i sud sa svežim zelenim žitom u kome je zapaljena sveća. Na Božić, posle ručka ide se kod kumova, rođaka i prijatelja, da se uzajamno čestita Božić.

Lice koje nam prvo uđe u kuću naziva se položajnik i on domaćinima čestita Božić i blagosilja ih, da imaju dobro zdravlje i uspešnu godinu, a domaćini se trude da ga što bolje ugoste i na kraju ga daruju nečim, u skladu sa svojim mogućnostima. Položajnik pored Badnjaka ostavlja sitne pare, a domaćinu daruje flašu vina. U savremeno, današnje vreme domaćini se unapred dogovaraju sa njima dragom osobom da im bude položajnik i kada da im dođe, obično to je dete koje im donosi sreću i radost.

Ovaj projekat sufinansiran je sredstvima Ministarstva kulture i informisanja Republike Srbije. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove organa koji je dodelio sredstva.