четвртак, новембар 21

МАКЕДОНИУМ – ДОПИР НА МАКЕДОНИЈА КОЈ ПОВРЗУВА И ОБЕДИНУВА/MAKEDONIJUM – DODIR MAKEDONIJE KOJI POVEZUJE I UJEDINJAVA

0
296

ЕДИНСТВЕНИ ВО ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ КОИ ДОБРОВОЛНО НЕ ОБЕДИНУВААТ  

Здружението „Македониум“ е основано на 15 ноември 2008 година. Пролетта таа година, група Македонци, ентузијасти, свесни за нужноста, оправданоста и правовременоста за организирање на Македонците во Белград, дојдоа на идеја да се основа здружение на граѓани од македонска националност во Белград. На основачкото собрание, одржано на 14 јуни 2008 година во Белград, претседаваше Станимир Бакрачески, а присуствуваа 38 граѓани. Воведно излагање имаше Елисавета Стојановска – Ивановиќ, која ја истакна потребата за основање здружение, ги посочи неговите цели и задачи и предложи Здружението да го носи името „Македониум“, што беше едногласно прифатено.

За прв претседател на здружението избран е Станимир Бакрачевски, а во наредните два мандати 2011 – 2019 претседателка беше Елисавета Стојановска Ивановиќ. Во актуелниов мандат од 2019 година претседателка на здружението е Зорица Митровиќ.

Денес, четрнаесет години од своето формирање (2008) улогата која „Македониум’’ ја има во Р. Србија ги надминува рамките на самото здружението. Тоа со своите културни активности на најрепрезентативен начин ја претставува македонската заедница во Р. Србија.  Воедно е и промотер на македонската култура  на овие простори преку организирање на најразлични видови манифестации на кои гостуваа истакнати македонски уметници, научници, културни и научни установи, оценува Зорица Митровиќ, претседател на здружението, која не води низ историјата и активностите на Македонија.

АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО СРБИЈА

„Македониум“ преку традиционалната манифестација „Денови на македонската култура во Белград – Допир на Македонија“ и слични активности интензивно работи на зближување на двата братски народи – Македонците и Србите. Здружението и неговите членови поединечно  се доживуваат како  амбасадори на културата на Р. Македонија во Р. Србија, кои со  својот ентузијазам и љубов кон татковината и сопствениот народ  оставија силни културни траги.

Затоа и не е случајно што нашето здружение  е добитник на највисокото признание  што го доделува Националниот совет на македонското малцинство во Србија плакетата „Свети Климент Охридски.’’

Во првото десеттолетие од  формирањето на „Македониум’’ реализирани се неколку стотини активности со  преку 500 учесници од Србија и  од Македонија. Огромен  волонтерски ангажман за едно невладино и непрофитабилно  здружение кое успеа да најде свое место во културното миље на српската метропола. Здружение кое во  изминативе  години делуваше како своевиден македонски културен центар, репрезент и промотер на  традиционалната и современата македонска култура и уметност.  Тоа  пред се го постигнавме  преку нашата најзначајна  манифестација  Денови на македонската култура во Белград – ,,Допир на Македонија.“

Допирот на нашата татковина  го пренесувавме  преку изложби, средби на истакнати писатели и поети,  со портрети и омажи на нашите културни дејци, чествување на важните датуми и личности од македонската историја, преку трибини за судбината на македонскиот мајчин јазик  но проговоривме и  за родната рамноправност  и насилството во семејството  по повод одбележувањето на Денот на жената.

СЕКОГАШ ОТВОРЕН ЗА СОРАБОТКА СО ДРУГИ ЗДРУЖЕНИЈА

Во сите овие  културни програми настапуваа и  претставници  од другите  македонски здруженија во Србија   со кои Македониум развива и негува блиска соработка  како носители и чувари на нашата национална  и културна посебност. Воспоставивме извонредна соработка со  локалната самоуправа во белградската општина Стари град и Установата за култура ,,Пароброд’’, Установата за култура ,,Вук Караџиќ’’ со  националните културни институции како што се Народниот театар, Народниот музеј и Библиотеката на град Белград, Здружението  на писателите на Србија, Белградскиот културен центар,  Центрите за култура во општините Звездара, Чукарица и Раковица.

Солидарни и хумани во сите прилики и неприлики, членовите на нашето здружение масовно се вклучија во хуманитарната помош на настраданите во земјотресот во Краљево, организираа  парична и друга помош за настраданите во големите поплави во Србија и во Македонија, редовно учествуваа во хуманитарната акција на крводарителство што секоја година ја организираше Форумот на младите Македонци во знак на сеќавање и почит кон трагично загинатата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Македониум од година во година растеше и ги ширеше своите активности. Секој вторник на состаноците во Хиландарска 4 а подоцна во Џорџа Вашингтона 6, се планираа активностите на здружението, се подготвуваа проекти, тимски се реализираа манифестациите и програмите, се водеа конструктивни дебати за стореното  и  кои чекори треба да се преземат за унапредување на работата и активностите на  здружението во кое секој имаше свое место, улога и одговорност.

ВРСКИ МЕЃУ ЛУЃЕТО

Македониум поврзуваше и обединуваше.

Ги  подржа младите  членови на здружението да се обединат во Форум на млади Македонци во Србија, ја поздрави заложбата на дел од нашето членство да се организира во струковни организации, како што се Друштвото на ликовни уметници во Србија-ДЛУМС, Друштвото на писатели Македонци при Здружението на писатели во Србија, Асоцијација на македонски бизнисмени. Организира Курс по македонски јазик под покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство  на кој присуствуваа Македонци и Срби, од кои осуммина  се стекнаа со Дипломи според строгите критериуми на предавачот Илија Бетински. Иако поголемиот дел од членството на здружението не го говорат литературниот македонски јазик,  основно правило на состаноците е да се говори на македонски јазик без оглед дали е тоа  кумановски, струмички,  гевгелиски, тетовски, вевчански  или  велешки дијалект. Јазикот исто како и песната ни го  будеа и негуваа  чувството на заедничка припадност на македонскиот народ,  на неговата култура,  обичаи, традиција.

Навистина,  во изминатата  декада, немаше  работен состанок или средба, а да не заврши со  македонски песни а често и со оро. Ги славевме успешно организираните  манифестации, ги прославувавме родендените на членовите  еднаш месечно, заеднички ја делевме радоста на убавите моменти на нашите членови, но и тагата и сочувството во тешките моменти кога починаа некои од нашите членови, како што се Душица Илин, Кире Станковски, Симеон Георгиевски кои со нивниот ангажман оставија длабоки траги и во здружението  и во македонската заедница во Србија.

ПЕСНА КОЈА ЈА ЧУВА ТРАДИЦИЈАТА

Македониум направи голем исчекор со формирањето на пејачката група  без која не се одржа ниту еден настан на здружението. Управниот одбор ја препозна и подржа инцијативата на група членови предводени од Соња Конеска Жугиќ при Македониум да работи пејачка група која ќе го негува и афирмира македонската музика и песна. Со преземањето на диригентската палка од страна на музичкиот педагог Ѓурѓа Авокатов  пејачката група прерасна во вокално инструментална група  со извонреден репертоар и изведба на македонските народни, изворни и староградски песни.

Пејачката група „Македониум“ сосема го оправда своето основање и, несомнено, придонесе во зачувувањето, негувањето и развивањето на македонскиот етномелос, обичаите, традиционалните национални вредности и покрај скромните материјално-финансиски, просторни, технички и други можности. Со своето активно учество во програмските активности и манифестации на Здружението, пејачката група ја збогати и ја направи многу поприфатлива и попримамлива неговата севкупна дејност. За сето тоа, најзаслужни се, пред сè, членовите на групата, нивната голема љубов, волја, сплотеност, извонредна енергија и чувство за одговорност и решеност да се надминат по секоја цена сите тешкотии и да се постигне успех.

Здружението „Македониум“ традиционално секоја година одбележува голем број датуми и настани од домашно и од меѓународно значење, а на сите тие свечености, пејачката група учествува со изведба на познати и пригодни народни песни, а на одделни и со изведување на химните на Р Србија и на Р Македонија. Покрај тоа, групата учествува и на други свечености и настани, како што се: седниците на Собранието на Здружението, поетски средби, ликовни изложби, промоции на значајни книжевни творби на македонски автори и др, но и на манифестации на другите здруженија во Србија, па така имаа неколку успешни настапи во Нови Сад, Јабука, Качарево и Горњи Милановац.

Во пресрет на почетокот на традиционалната манифестација „Допир на Македонија“, пејачката група неколку пати гостуваше во популарните емисии „Шареница“ и ,,Жикина Шареница’’. Настапите беа наменети за најава на програмата на мајските денови  во Белград и промовирање на македонската култура и традиција, но и за анимирање на членовите и пријателите на Здружението што помасовно да присуствуваат на  програмските содржини на манифестацијата. На тие настапи, групата остави убав впечаток, изведувајќи со голем успех македонски народни песни, што придонесе групата да се афирмира, популаризира и да стане препознатлива за поширок круг љубители на македонскиот етномелос.

РАБОТА НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА НАЦИОНАЛНОТО МАЛЦИНСТВО

Да споменеме со каков елан и ангажман  ја спроведовме акцијата во 2010 година за запишување на припадниците на македонската национална припадност во посебните избирачки списоци во  пресрет на изборите на  Националниот совет на македонското национално малцинство. Со исто толкав ентузијазам собиравме потписи и за електорите кои ги застапуваат Македонците во Белград на електорското  изборно собрание на Националниот совет на македонската заедница во Србија во чии состав  од 2011 година Македониум има свои претставници. Членовите на здружението сесрдно се ангажираа и во анимирањето на припадниците на македонската заедница во Белград да го искористат своето избирачко  право и гласаат на изборите за претседател на  Република Македонија  и за претставник на дијаспората кои ќе ги застапува нашите  интереси во македонското собрание.

Подготвивме и организиравме трибини со гости од Македонија и претставници на македонската заедница во Србија со цел да ја унапредиме соработката со  нашата татковина но и да бидеме сложни во остварувањето на нашиот колективен статус, и  на нашите  малцински права во Србија.

Гласот и мислењето на нашето здружение имаа можност редовно да го чујат  и уважат како  претставниците на македонската амбасада во Белград така и  на Националниот совет на македонското национално малцинство. Секогаш сме работеле и делувале одговорно и транспарентно со една единствена цел: ние Македонците во Србија да бидеме респектабилен чинител кој  ги поврзува  интересите на државите од каде потекнуваме и во кои живееме отварајќи простор за добрососедска соработка.

Посредувавме во збратимувањето на  белградската општина Савски венац со скопската општина Аеродром. Воспоставивме соработка со општината Штип, разменивме посети и средби со челните луѓе на локалната власт, потпишавме ,,Повелба за пријателство“ и меморандум за соработка, ги угостивме градоначалникот и неговите  соработници и студентите на Штипската музичка академија.

Организиравме портрети  на  истакнати  македонските културни дејци чие творештво е длабоко  вткаено и во македонската и  во српската култура, како што се режисерот и есеист Љубиша Георгиевски, вајарот и уметникот Томе Серафимовски и академик Ристо Василевски.

Во  партнерска соработка со продукциската куќа Танграм  организиравме Недела на македонската современа кинематографија која ја отвори реномираниот македонски режисер Столе Попов со неговиот култен филм ,,До балчак.“ На белградската ревија на македонските филмови ни гостуваше и познатата македонска актерка и продуцентка   Лабина Митевска  како и  младиот режисер од Скопје Небојша Јовановиќ. Оваа манифестација која наиде на голем одзив и меѓу Македонците во Белград и пошироката публика ја подржа и етно ресторанот „Македонска Куќа„  од Прилеп  кои специјално за учесниците и гостите на манифестацијата  во белградска Скадарлија организираа  македонска етно вечер со  неверојатно богата трпеза на македонски  јадења,  залиени со македонски сортни вина и со песни од родниот крај.

ОД ЈАНУАРИ ДО ЈАНУАРИ: МАЈЧЕН ЈАЗИК И ПИСМЕНОСТ

Здружението Македониум работи според годишен план и програма за кои пред собранието претседателот на УО  редовно поднесува  отчет. Според нашата евиденција во изминатите 14 години сите годишни планови се реализирани речиси во целост.

Календарската година традиционално ја почнуваме со одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на  21 Февруари  повод да се осврнеме  кон судбината на нашиот македонски мајчин јазик како во нашата татковина така и  меѓу нас Македонците во Србија. Ги презентиравме резултатите на научното истражување на македонскиот јазик во Војводина и во Србија на  професорот Станислав Станковиќ со конкретни искуства на професорките Маре Каранфиловиќ и Лилјана Лазареска во спроведувањето на наставните планови во училиштата каде се изучува предметот Македонски јазик со елементи на националната култура.  За виталноста и богатството на македонскиот јазик слушавме од еминентните соговорници  на Институтот  за македонски јазик во Скопје проф. д-р Елена Јованова Грујовска, проф. д-р Снежана Веновска Антевска, проф. д-р Елка Јачева Улчар. Имавме интересно предавање  на  професорката Даниела Костадиновиќ од Нишкиот универзитет за изучување на македонската литература  при катедрата на Филолошкиот факултет.

Традиционално го одбележуваме и  Меѓународниот ден на жената-8 Март  со богата културно уметничка програма во чии фокус е творештвото на нашите  жени Македонки и нивните пријатели.  Ја претставивме поезијата на нашите врвни поетеси Душица Илин и Искра Пенева, ги промовираме драмите на Соња Конеска Жугиќ, стиховите на  Виолета Пачевска, поезијата  на Љиљана Јанаќковиќ  која е обоена со боите на  љубовта кон Македонија и македонскиот народ,  го промовираме романот  ,,Калдрма’’ на писателката  Слаѓана  Ставрева од Скопје.

Меѓу многубројните значајни датуми и настани што Здружението „Македониум“ свечено ги одбележува, посебно место зазема Денот на словенската писменост, празникот на првите словенски просветители, светите Кирил и Методиј, патрони на Здружението. Имено, на 1 декември 2008 година, на првата седница на тогашниот Извршен одбор на Здружението, одлучено е 24 мај – празникот на светите Кирил и Методиј, да биде патронен празник на нашето здружение, а светите браќа негови патрони.

Скулптурата на светите Кирил и Методиј, што ја има и ја чува Здружението „Македониум“, е дело и подарок од познатиот македонски скулптор, академик Томислав Серафимовски.

При една средба со Серафимовски во неговото ателје во МАНУ, тогашниот секретар на Здружението, Душица Илин, го замоли да го дарува Здружението со статуа на светите Кирил и Методиј. Радосен и почестен од молбата, Серафимовски веднаш се согласил и пратил порака до браќата Јеремиќ да излеат таква статуа во нивната леарница. Набргу, на нашето здружение му беше врачена прекрасната статуа на светите Кирил и Методиј, која, ете, со години е со нас и меѓу нас, и која ја „чуваме со голема љубов, гордост и пиетет, како признание за нашата духовност и ширење на вечните културни вредности на овој дел на Балканот.’’

„ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО БЕЛГРАД“

По повод чествувањето на патроните, Здружението од 2011 година ја организира манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ што е централна  и секако најзначајна активност на здружението. Манифестација, која е влезена во календарот на редовни културни настани во главниот град на Србија и која според квалитетот на програмата во која ги промовираме најдобрите и врвните македонски културни вредности е најголем организациски  предизвик но и сатисфакција  за членовите на здружението а пред се за неговиот Управен одбор.

Во рамките на манифестацијата се реализираат повеќедневни културни програми, во коишто македонските уметници се претставуваат на белградската публика, и тоа преку: изложби, музика, поетски читања и други културни содржини. Манифестацијата традиционално ја поддржуваат Македонскиот национален совет во Србија, Министерството за култура на Република Србија, а повремено и Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Министерството за култура на Република Македонија преку партнерски проекти, како и компаниите кои се дел од Македонската бизнис-асоцијација во Србија.

Автори и координатори на манифестацијата се Елисавета Ивановиќ и Зорица Митровиќ, а од 2014 во креирањето на програмата се вклучува и Синиша Новески.

Чествување и одбележување на значајните датуми од македонската историја се неизоставни во годишната агенда на здружението.  „Македониум„ секоја година има свои претставници на централната Илинденска прослава во Јабука и на етно фестивалот „Гравче на тавче’’ како и на приемите кои ги организира македонската амбасада во Белград   по повод Денот на независноста на македонската држава, 8-ми Септември.

ИЛИНДЕН

Поради неможноста на сите заинтересирани членови да учествуваат и присуствуваат на централната прослава на најголемиот македонски празник ИЛИНДЕН во Јабука, здружението од 2018 година организира настани и по повод одбележувањето на овој празник, но не на самиот ден 2 август, веќе порано, воочи него.

Нашите активности продолжуваат во октомври кога во рамките на одбележувањето на празниците 11- ти Октомври и 23- ти Октомври организираме свечени академии и трибини  кои ги води Ангел Ончевски. Еминентните македонски историчари професорот Методи Чепреганов, професорката Виолета Ачковска и д-р Бранислав Светозаревиќ ни говореа за значењето на македонската народноослободителна и револуционерна борба. Го отворивме и прашањето за перспективата и современиот развој на македонската држава преку излагањето на нашиот млад докторанд на Факултетот за политички науки во Белград, Митко Арнаудов на тема: ,,Македонија помеѓу балканската историја и европската иднина. ’’

Ноември е месец кога се слави роденденот на Здружението, а веќе на 8 декември подготвено ја организираме академијата по повод Денот на Св. Климент Охридски.

СРЕЌЕН КРАЈ НА СТАРАТА И ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА ГОДИНА

Календарската година ја завршуваме со предновогодишно дружење со песна и музика.

Помеѓу сите овие активности, здружението успеа да воспостави и да негува успешна соработка  како со Националниот совет на македонското национално малцинство така и со  другите македонски здруженија во Србија. Организиравме посети на здруженијата  ,,Даме Груев’’ во Горњи Милановац, ,,Вардар’’ од Вршац и Качарево, ,,Илинден’’ од Јабука, ,,Кирил и Методиј’’ од Нови Сад . Топлиот дочек и гостопримството успеавме да го возвратиме само на здруженијата од Јабука и Качарево. Соработуваме и со Македонците од Стара Пазова и редовно учествуваме на нивната септемвриска манифестација Ајваријада.

Нашето здружение е отворено за соработка, за поврзување за зближување  со сите Македонци во Србија кои го чуваат и негуваат своето потекло и својата национална посебност. Во Македониум членуваат и млади и стари, и лекари, домаќинки,  правници, генерали, економисти, уметници, новинари, писатели, поети… Го имаме и членот Раде Кокиќ,  Србин по потекло, Македонец во душата и срцето од каде извираат  најемотивни песни за Македонија и Македонците.

Во изминативе четранаесет години работевме тимски со голема љубов и ентузијазам во конструктивна и толерантна атмосфера. Бевме и останавме единствени во нашите цели  и задачи кои доброволно не обединуваат да ја презентираме нашата македонска посебност и култура во градот и во земјата во која живееме, заклучува Зорица Митровиќ, претседател на Македониум.

JEDINSTVENI PO CILJEVIMA I ZADACIMA KOJI NAS DOVOLJNO UDRUŽUJU

Udruženje „Makedonijum“ je osnovano 15.11.2008. U proleće te godine, grupa Makedonaca, entuzijasta, svesna neophodnosti, opravdanosti i blagovremenosti organizovanja Makedonaca u Beogradu, došla je na ideju da u Beogradu osnuje udruženje građana makedonske nacionalnosti.

Osnivačka skupštinu, održana je 14. juna 2008. godine u Beogradu, predsedavao je Stanimir Bakračeki, a prisustvovalo je 38 građana. Uvodno izlaganje održala je Elisaveta Stojanovska – Ivanović, koja je istakla potrebu osnivanja udruženja, istakla njegove ciljeve i zadatke i predložila da se Udruženje zove „Makedonijum“, što je jednoglasno prihvaćeno.

Za prvog predsednika udruženja izabran je Stanimir Bakračevski, a u naredna dva mandata 2011-2019 predsednica je bila Elisaveta Stojanovska Ivanović. U tekućem mandatu 2019. godine predsednica udruženja je Zorica Mitrović.

Danas, četrnaest godina od osnivanja (2008), uloga koju „Makedonijum” ima u Srbiji izlazi iz okvira samog udruženja. Svojim kulturnim delovanjem predstavlja makedonsku zajednicu. Takođe je promoter makedonske kulture na ovim prostorima organizovanjem raznih vrsta događaja na kojima učestvuju istaknuti makedonski umetnici, naučnici, kulturne i naučne institucije, ocenjuje Zorica Mitrović, predsednica udruženja, koja nas vodi kroz istorijat i aktivnosti Makedonijuma.

AMBASADORI MAKEDONSKE KULTURE U SRBIJI

„Makedonijum“ kroz tradicionalnu manifestaciju „Dani makedonske kulture u Beogradu – dodir Makedonije“ i slične aktivnosti intenzivno radi na zbližavanju dva bratska naroda – Makedonaca i Srba. Udruženje i njegovi članovi se pojedinačno doživljavaju kao ambasadori kulture Severne Makedonije u Srbiji, koji su svojim entuzijazmom i ljubavlju prema otadžbini i sopstvenom narodu ostavili jake kulturne tragove.

Zato nije slučajno što je naše udruženje dobitnik najvišeg priznanja Nacionalnog saveta makedonske manjine u Srbiji, plakete „Sveti Kliment Ohridski“.

U prvoj deceniji od osnivanja „Makedoniuma” realizovano je više stotina aktivnosti sa preko 500 učesnika iz Srbije i Makedonije. Ogroman volonterski angažman za nevladino i neprofitno udruženje koje je uspelo da nađe svoje mesto u kulturnom miljeu srpske metropole. Udruženje koje je proteklih godina delovalo kao svojevrsni makedonski kulturni centar, predstavnik i promoter tradicionalne i savremene makedonske kulture i umetnosti. To smo postigli pre svega kroz našu najznačajniju manifestaciju, Dani makedonske kulture u Beogradu – Dodir Makedonije.

Dodir naše domovine prenosili smo izložbama, susretima sa istaknutim piscima i pesnicima, portretima i omažom našim kulturnim ličnostima, odavanjem počasti značajnim datumima i ličnostima iz makedonske istorije, kroz tribine o sudbini makedonskog maternjeg jezika, ali smo i govorili o rodnoj ravnopravnosti i nasilju u porodici povodom obeležavanja Dana žena.

UVEK OTVORENI ZA SARADNJU SA DRUGIM UDRUŽENJIMA

U svim ovim kulturnim programima nastupili su predstavnici drugih makedonskih udruženja u Srbiji, sa kojima Makedonium razvija i neguje tesnu saradnju kao nosioci i čuvari naše nacionalne i kulturne posebnosti. Ostvarili smo odličnu saradnju sa lokalnom samoupravom u beogradskoj opštini Stari grad i Ustanovom kulture „Parobrod“, Ustanovom kulture „Vuk Karadžić“ sa nacionalnim kulturnim institucijama kao što su Narodno pozorište, Narodni muzej i Biblioteka grada Beograda, Udruženje književnika Srbije, Kulturni centar Beograda, Domovi kulture na opštinama Zvezdara, Čukarica i Rakovica.

Solidarni i humani u svim prilikama i teškoćama, članovi našeg udruženja su se masovno uključivali u humanitarnu pomoć stradalima u zemljotresu u Kraljevu, organizovali novčanu i drugu pomoć za stradale u velikim poplavama u Srbiji i Makedoniji, redovno učestvovali u humanitarnoj pomoći akcija davanja krvi koju je svake godine organizovao Forum mladih Makedonaca u znak sećanja i poštovanja prema tragično stradaloj makedonskoj i balkanskoj muzičkoj zvezdi Tošetu Proeskom.

Makedonijum je rastao iz godine u godinu i širio svoje aktivnosti. Svakog utorka na sastancima u Hilandarskoj 4 i kasnije u Džordža Vašingtona 6 planirane su aktivnosti udruženja, pripremani projekti, timski realizovane manifestacije i programi, vođene konstruktivne debate o tome šta je urađeno i šta treba preduzeti da se unaprede rad i aktivnosti udruženja u kome je svako imao svoje mesto, ulogu i odgovornost.

SPONA MEĐU LJUDIMA

Makedonijum povezuje i ujedinjava.

Podržao je mlade članove udruženja da se udruže u Forum mladih Makedonaca u Srbiji, pozdravio posvećenost dela našeg članstva da se organizuje u strukovne organizacije, kao što su Društvo likovnih umetnika Srbije – DLUMS, Društvo makedonskih pisaca u Udruženju književnika Srbije, Udruženju makedonskih privrednika. Organizovao je kurs makedonskog jezika pod pokroviteljstvom Nacionalnog saveta makedonske nacionalne manjine, koji su pohađali Makedonci i Srbi, od kojih je osam steklo diplome po strogim kriterijumima predavača Ilije Betinskog. Iako većina članova udruženja ne govori književni makedonski jezik, osnovno pravilo sastanaka je da se govori na makedonskom jeziku, bez obzira da li se radi o kumanovskom, strumičkom, đevđelijskom, tetovskom, vevčanskom ili veleškom dijalektu. Jezik, kao i pesma, budili su i negovali osećaj zajedničke pripadnosti makedonskom narodu, njegovoj kulturi, običajima i tradiciji.

Zaista, u protekloj deceniji nije bilo radnog sastanka ili susreta koji se nije završio makedonskom pesmom, a često i igrom. Proslavljali smo uspešno organizovane manifestacije, jednom mesečno smo slavili rođendane članova, delili radost lepih trenutaka naših članova, ali i tugu i saosećanje u teškim trenucima kada su stradali neki od naših članova, poput Dušice Ilin, Kire Stankovski, Simeon Georgievski koji su svojim angažovanjem ostavili duboke tragove kako u udruženju tako i u makedonskoj zajednici u Srbiji.

PESMA KOJA ČUVA TRADICIJU

Makedonium je napravio veliki korak formiranjem pevačke grupe, bez koje nije prošao ni jedan događaj udruženja. Upravni odbor je prepoznao i podržao inicijativu grupe članova na čelu sa Sonjom Koneskom Žugić da Makedonijum ima pevačku grupu koja će negovati i afirmisati makedonsku muziku i pesmu. Preuzimanjem dirigentske palice od strane nastavnika muzičkog Đurđe Avokatove, pevačka grupa je prerasla u vokalno-instrumentalnu grupu sa izvanrednim repertoarom i izvođenjem makedonskih narodnih, izvornih i starogradskih pesama.

Pevačka grupa „Makedonijum” je u potpunosti opravdala svoje osnivanje i nesumnjivo, doprinela očuvanju, negovanju i razvoju makedonskog etno-melosa, običaja, tradicionalnih nacionalnih vrednosti, uprkos skromnim materijalno-finansijskim, prostornim, tehničkim i drugim mogućnostima. Svojim aktivnim učešćem u programskim aktivnostima i manifestacijama Udruženja, pevačka grupa je svoju ukupnu delatnost obogatila i učinila mnogo prihvatljivijom i atraktivnijom. Za sve to najzaslužniji su, pre svega, članovi grupe, njihova velika ljubav, volja, zajedništvo, izuzetna energija i osećaj odgovornosti i rešenosti da po svaku cenu prevaziđu sve teškoće i postignu uspeh.

Udruženje „Makedonijum” tradicionalno svake godine obeležava veliki broj datuma i događaja od domaćeg i međunarodnog značaja, a na svim tim svečanostima pevačka grupa učestvuje izvođenjem poznatih i prigodnih narodnih pesama, a na nekima i izvođenjem himni Republike Srbije i Republike Makedonije. Pored toga, grupa učestvuje i na drugim svečanostima i manifestacijama, kao što su: sednice Skupštine Udruženja, pesnički susreti, umetničke izložbe, promocije značajnih književnih dela makedonskih autora i dr., ali i na manifestacijama drugih udruženja u Srbiji, pa su tako imali nekoliko uspešnih nastupa u Novom Sadu, Jabuci, Kačarevu i Gornjem Milanovcu.

Uoči početka tradicionalne manifestacije „Dodir Makedonije“, pevačka grupa je nekoliko puta gostovala u popularnim emisijama „Šarenica“ i „Žikina šarenica“. Predstave su imale za cilj da najave program majski dani u Beogradu i promovišu makedonsku kulturu i tradiciju, ali i da podstaknu članove i prijatelje Udruženja da što više prisustvuju programskom sadržaju manifestacije. Na tim nastupima grupa je ostavila dobar utisak, izvodeći sa velikim uspehom makedonske narodne pesme, što je doprinelo afirmaciji, popularizaciji i prepoznatljivosti grupe u širem krugu zaljubljenika u makedonski etnomelos.

RAD NA OSTVARIVANJU PRAVA NACIONALNE MANJINE

Pomenimo sa kakvom energijom i angažovanjem smo 2010. godine sproveli akciju upisa pripadnika makedonske nacionalnosti u posebne biračke spiskove uoči izbora za Nacionalni savet makedonske nacionalne manjine. Sa istim entuzijazmom prikupljali smo potpise za birače koji predstavljaju Makedonce u Beogradu na elektorskoj skupštini Nacionalnog saveta makedonske zajednice u Srbiji, u kojoj od 2011. godine Makedonijum ima svoje predstavnike. Članovi udruženja su se svesrdno angažovali na animiranju pripadnika makedonske zajednice u Beogradu da ostvare svoje pravo glasa i glasanja na izborima za predsednika Republike Makedonije i predstavnika dijaspore koji će zastupati naše interese u makedonskoj skupštini.
Pripremili smo i organizovali tribine sa gostima iz Makedonije i predstavnicima makedonske zajednice u Srbiji kako bismo unapredili saradnju sa domovinom, ali i bili partneri u ostvarivanju našeg kolektivnog statusa i naših manjinskih prava u Srbiji.

Glas i mišljenje našeg udruženja imali su priliku da redovno čuju i uvaže kako predstavnici Ambasade Makedonije u Beogradu tako i Nacionalnog saveta makedonske nacionalne manjine. Uvek smo radili i delovali odgovorno i transparentno sa jednim ciljem: da mi Makedonci u Srbiji budemo respektabilan faktor koji povezuje interese zemalja iz kojih dolazimo i u kojima živimo, otvarajući prostor za dobrosusedsku saradnju.
Posredovali smo u bratimljenju beogradske opštine Savski venac sa skopskom opštinom Aerodrom. Uspostavili smo saradnju sa opštinom Štip, razmenili posete i susrete sa čelnim ljudima lokalne vlasti, potpisali „Povelju o prijateljstvu“ i memorandum o saradnji, ugostili gradonačelnika i njegove saradnike i studente štipske Muzičke akademije.

Organizovali smo portrete istaknutih makedonskih kulturnih ličnosti čiji je rad duboko utkan u makedonsku i srpsku kulturu, kao što su reditelj i esejista Ljubiša Georgievski, vajar i umetnik Tome Serafimovski i akademik Risto Vasilevski.

U partnerstvu sa producentskom kućom Tangram organizovali smo Nedelju savremenog makedonskog filma koju je otvorio poznati makedonski reditelj Stole Popov svojim kultnim filmom „Do balčak“. Gostovala nam je i poznata makedonska glumica i producentkinja Labina Mitevska, kao i mladi skopski reditelj Nebojša Jovanović. Ovu manifestaciju, koja je naišla na veliki odjek među Makedoncima u Beogradu i široj publici, podržao je i etno restoran „Makedonska kuća“ iz Prilepa, koji je posebno organizovao makedonsko etno veče za učesnike i goste manifestacije u beogradskoj Skadarliji. sa neverovatno bogatom trpezom makedonskih jela, ispunjenom makedonskim sortnim vinima i pesmama iz zavičaja.
Udruženje Makedonium radi po godišnjem planu i programu, za šta predsednik Upravnog odbora redovno podnosi izveštaj skupštini. Prema našoj evidenciji, u proteklih 14 godina svi godišnji planovi su skoro u potpunosti realizovani.

OD JANUARA DO JANUARA: MATERNJI JEZIK I PISMENOST

Kalendarsku godinu tradicionalno počinjemo obeležavanjem Međunarodnog dana maternjeg jezika 21. februara, povod da se sagleda sudbina našeg makedonskog maternjeg jezika kako u našoj domovini, tako i među nama Makedoncima u Srbiji. Predstavili smo rezultate naučnog istraživanja makedonskog jezika u Vojvodini i Srbiji profesora Stanislava Stankovića sa konkretnim iskustvima profesora Mare Karanfilović i Ljiljane Lazareske u realizaciji nastavnog plana i programa u školama u kojima se predmet makedonski jezik sa elementima nacionalne kulture učio. O vitalnosti i bogatstvu makedonskog jezika čuli smo od eminentnih sagovornika Instituta za makedonski jezik u Skoplju prof. dr Elena Jovanova Grujovska, prof. dr Snežana Venovska Antevska, prof. dr Elka Jačeva Ulčar. Imali smo zanimljivo predavanje profesorke Daniele Kostadinović sa Univerziteta u Nišu o proučavanju makedonske književnosti na odseku Filološkog fakulteta.

Tradicionalno, Međunarodni dan žena – 8. mart obeležavamo bogatim kulturno-umetničkim programom u čijem fokusu je stvaralaštvo naših Makedonki i njihovih prijatelja. Predstavili smo poeziju naših vrhunskih pesnikinja Dušice Ilin i Iskre Peneve, promovišemo drame Sonje Koneske Žugić, stihove Violete Pačevske, poeziju Ljiljane Janaćković koja je obojena bojama ljubavi prema Makedoniji i makedonskom narodu, promovišemo roman „Kaldrma” književnice Slađane Stavreve iz Skoplja.

Među brojnim značajnim datumima i događajima koje Udruženje „Makedonijum“ svečano obeležava, posebno mesto zauzima Dan slovenske pismenosti, praznik prvih slovenskih prosvetitelja, Svetih Ćirila i Metodija, pokrovitelja Udruženja. Naime, 1. decembra 2008. godine, na prvoj sednici tadašnjeg Izvršnog odbora Udruženja, odlučeno je da 24. maj – praznik Svetih Ćirila i Metodija, bude krsni praznik našeg udruženja, a Sveta braća njegovi pokrovitelji.

Skulptura Svetih Ćirila i Metodija, koju poseduje i čuva Udruženje „Makedonijum“, delo je i poklon poznatog makedonskog vajara, akademika Tomislava Serafimovskog.

Prilikom susreta sa Serafimovskim u njegovom ateljeu u MANU, tadašnja sekretarka Udruženja Dušica Ilin zamolila ga je da Udruženju pokloni statuu Svetih Ćirila i Metodija. Srećan i počastvovan zahtevom, Serafimovski je odmah pristao i poslao poruku braći Jeremić da takvu statuu izliju u svojoj livnici. Ubrzo je našem udruženju uručena prelepa statua Svetih Ćirila i Metodija, koja je, eto, godinama sa nama i među nama, i koju „s velikom ljubavlju, ponosom i pobožnošću čuvamo, u znak priznanja naše duhovnosti i širenje večnih kulturnih vrednosti ovog dela Balkana“.

„DANI MAKEDONSKE KULTURE U BEOGRADU“

Povodom odavanja počasti pokroviteljima, Udruženje od 2011. godine organizuje manifestaciju „Dani makedonske kulture u Beogradu“, koja je centralna i svakako najznačajnija aktivnost udruženja. Manifestacija koja je uvrštena u kalendar redovnih kulturnih dešavanja u glavnom gradu Srbije i koja je, po kvalitetu programa u kome promovišemo najbolje i vrhunske makedonske kulturne vrednosti, najveći organizacioni izazov ali i satisfakciju za članove udruženja i pre svega njegov Upravni odbor.

U okviru manifestacije realizuju se višednevni kulturni programi u kojima se beogradskoj publici predstavljaju makedonski umetnici kroz: izložbe, muziku, čitanje poezije i druge kulturne sadržaje. Manifestaciju tradicionalno podržavaju Makedonski nacionalni savet u Srbiji, Ministarstvo kulture Republike Srbije, a povremeno i Ministarstvo spoljnih poslova Republike Makedonije, Ministarstvo kulture Republike Makedonije kroz partnerske projekte, kao i kompanije koje su deo Makedonskog poslovnog udruženja u Srbiji.

Autorke i koordinatorke manifestacije su Elisaveta Ivanović i Zorica Mitrović, a od 2014. godine u kreiranju programa učestvuje i Siniša Noveski.
Proslavljanje i obeležavanje važnih datuma iz makedonske istorije su nezaobilazni u godišnjem programu udruženja. Svake godine „Makedonijum” ima svoje predstavnike na centralnoj proslavi Ilindena u Jabuci i na etno festivalu „Gravče na tavče”, kao i na prijemima koje organizuje ambasada Makedonije u Beogradu povodom Dana nezavisnosti Makedonije, 8. septembar.

ILINDEN

Zbog nemogućnosti svih zainteresovanih članova da učestvuju i prisustvuju centralnoj proslavi najvećeg makedonskog praznika ILINDEN u Jabuci, udruženje od 2018. godine organizuje manifestacije povodom proslave ovog praznika, ali ne na sam dan, 2. avgust, već ranije, uoči praznika.
Naše aktivnosti se nastavljaju u oktobru, kada u okviru obeležavanja praznika 11. i 23. oktobar organizujemo svečane akademije i tribine koje vodi Angel Ončevski. O značaju makedonske nacionalno-oslobodilačke i revolucionarne borbe govorili su nam ugledni makedonski istoričari profesor Metodi Čepreganov, profesor Violeta Ačkovska i dr. Branislav Svetozarević. Pitanje perspektive i savremenog razvoja makedonske države otvorili smo i kroz izlaganje našeg mladog doktoranta na Fakultetu političkih nauka u Beogradu Mitka Arnaudova, na temu: „Makedonija između balkanske istorije i evropske budućnosti“.

Novembar je mesec kada se obeležava rođendan Udruženja, a već 8. decembra spremni smo da organizujemo akademiju povodom Sv. Klimenta Ohridskog.

VESELJE ZA KRAJ STARE I POČETAK NOVE GODINE

Kalendarsku godinu završavamo novogodišnjom žurkom uz pesmu i muziku.

Između svih ovih aktivnosti, udruženje je uspelo da uspostavi i neguje uspešnu saradnju kako sa Nacionalnim savetom makedonske nacionalne manjine, tako i sa drugim makedonskim udruženjima u Srbiji. Organizovali smo posete udruženjima „Dame Gruev” u Gornjem Milanovcu, „Vardar” iz Vršca i Kačareva, „Ilinden” iz Jabuke, „Kiril i Metodij” iz Novog Sada. Uspeli smo da uzvratimo toplu dobrodošlicu i gostoprimstvo samo udruženjima iz Jabuke i Kačareva. Sarađujemo i sa staropazovačkim Makedoncima i redovno učestvujemo na njihovoj septembarskoj manifestaciji Ajvarijada.
Naše udruženje je otvoreno za saradnju, za povezivanje i zbližavanje sa svim Makedoncima u Srbiji koji čuvaju i neguju svoje poreklo i svoju nacionalnu posebnost.

Članovi Makedonijuma su mladi i stari, lekari, domaćice, advokati, generali, ekonomisti, umetnici, novinari, pisci, pesnici… Imamo i člana Radeta Kokića, poreklom Srbin, dušom i srcem Makedonac, odakle najviše emotivne pesme potiču za Makedoniju i Makedonce.

Poslednjih četrnaest godina radili smo kao tim, sa velikom ljubavlju i entuzijazmom u konstruktivnoj i tolerantnoj atmosferi. Bili smo i ostali jedinstveni po svojim ciljevima i zadacima, koji nas dobrovoljno ujedinjuju, da predstavimo našu makedonsku posebnost i kulturu u gradu i zemlji u kojoj živimo, zaključuje Zorica Mitrović, predsednica Makedonijuma.


Leave a reply