Македонско срце – големо и отворено за сите! / Makedonsko srce – veliko i otvoreno za sve!
Хуманост на дело и во секоја прилика
Здружението на граѓани на македонското национално малцинство во Ниш „Вардар“, нема многу членови, има околу 60 активни членови кои редовно плаќаат скромна членарина, но затоа македонското срце и добрината се големи.
Тие не пропуштаат да помогнат секогаш кога се во можност. И на своите, но и на сите други на кои им тоа треба.
Покрај другите, една од областите на активности на здружението „Вардар“ е хуманитарен ангажман.
Активностите ги организира Здружението, а учествуваме и во други хуманитарни акции, кога и да можеме, вели Благе Петрушевски, претседател на Здружението „Вардар“.
Само во 2019 година тие учествуваа во осум хуманитарни акции во кои беа ангажирани повеќе од 20 члена.
Две акции на доброволно дарување крв беа организирани во Клиничкиот центар во Ниш, во април и ноември 2019 година, а во секоја од нив имаше по десет члена.
Сметаме дека ова е добар одзив, имајќи предвид дека нашите членови се претежно постари луѓе. И дури и да даде само еден, тоа значи дека спасивме барем еден живот, вели Петриушевски.
Веќе четири до пет години се организира донирање јајца за Велигден и училишен час за деца во училиштата за деца со посебни потреби во Ниш, поранешно „14 Октомври“, сега „Царица Јелена“ и во Училиштето со детски дом „Бубањ“.
Од наши пари, од чланарина ние купуваме околу 500 јајца. Половина од тоа, нашите жени само ги варат, а другата половина ги варат и бојадисуваат. Бојадисаните ги делиме на децата, а другата половина ја сликаат децата од училиштето, објаснува Благоја Илијевски.
Реакцијата на децата е феноменална. Тоа треба да се доживее, тие се пресреќни. Ние разговараме со нив. Едно момче и девојче дури и пријдоа на мојата сопруга и и рекоа дека сакаат да се венчаат и ја замолија да им биде кума, додава Петрушевски.
На крајот од часот се прогласува најдобро обоено јајце и се доделуваат награди за првите три места. Наградите ги обезбедува Здружението. Тоа се маици, училишен прибор, слатки, нешто што на овие деца им треба, и што ќе ги стори среќни.
Тие се особено горди на хуманитарната помош што им ја дадоа на училиштето „Бубањ“ во 2017 година, кога им врачија сосема нов шпорет „Смедеревац“.
Ние го освоивме тој шпорет како победници на полуфиналето на републичката манифестација „Излези ми на тегла“ во Ниш, во спремање на ајвар. И решивме да им го дадеме на оние на кои им беше најпотребен во тој момент, вели Петрушевски.
Присутни беа претставници на градот и општината Палилула.
Сите беа изненадени. Велат дека токму тогаш ја опремиле училницата за практична работа и дека им требал шпорет или решо за практично готвење и учење за користење на шпоретот, додава Илијевски.
Во текот на целата година, Македонците и нивните српски пријатели од „Вардар“ учествуваат во „Чепенинг“ – годишно соберат по 50 шестлитарски балони полни со пластични капачиња.
Досега предадовме околу 300 балони, а претходно ги дававме во вреќи – големи, полни вреќи, велат членовите на Здружението.
Тие исто така собраа помош за корисниците на Домот за деца без родителска грижа „Душко Радовиќ“, Специјалната психијатриска болница во Горња Топоница кај Ниш. За нив купиле храна, како и облека донирана од членовите.
Тие учествуваа и во помагањето на поплавените во Србија, но и во Македонија.
Благодарение на нас, градската општина Медијана во Ниш се приклучи на една акција, и тоа за поплавените во Скопје, за реновирање на детски институции. Тие донираа околу 200.000 динари, плус што ние собравме пари, велат од Ниш „Вардарци“.
Доколку е потребно, се организираат активности за собирање помош за најранливите членови на здружението, кога тоа е потребно.
Управниот одбор на Здружението ја следеше ситуацијата поврзана со корона вирусот и видовме дека на еден наш член му треба помош, затоа купивме одредена количина на прехранбени производи и средства за хигиена. Инаку, во претходните години, кога некој е болен, или некој од семејството е потешко болен, а тие се со послаба финансиска состојба, ние секогаш доаѓаме во помош, велат во „Вардар“.
Не пропуштаат хуманитарни акции организирани од други. Така, тие учествуваа во хуманитарната Тортијада, организирана од Здружението на трудбеници и занаетчии од Југоисточна Србија (каде што годинава освоија и две златни медали, за ситни колачи и славски колач), Питијада, која ја организира здружението Актив на жени на Ниш во соработка со Општина Пантелеј, на манифестацијата „Нашиот сув леб “во организација на Здружението на родители на деца со посебни потреби „Заедно до светлината “од Сврљиг, а во соработка со општина Сврљиг и манастирот Св. Архангел Гаврило во селото Пирковац близу Сврљиг. Се разбира, сите прехрамбени производи изложени на овие манифестации се донираат на установите кој водат брига за нашите загрозени сограѓани.
Humanost na delu i u svakoj prilici
Udruženje građana makedonske nacionalne manjine u Nišu „Vardar“ ne broji puno članova, ima ih oko 60 aktivnih koji redovno plaćaju skromnu članarinu, ali su zato makedonsko srce i dobrota veliki.
Ne propuštaju da pomognu kad god mogu. I svojima, ali i svima kojima je to potrebno. Uostalom, jedna od oblasti delovanja Udruženja Vardar je i humanitarno angažovanje.
Aktivnosti se realizuju u organizaciji Udruženja, a učestvujemo i u drugim humanitarnim akcijama, kad – god to možemo, kaže Blagoje Petruševski, predsednik Udruženja „Vardar“
Samo prošle 2019. godine učestvovali su u osam humanitarnih akcija u kojima je angažovano više od 2o članova.
Dve akcije dobrovoljnog davanja krvi organizovane su u niškom Kliničkom centru, aprila i novembra 2019., a u svakoj od njih bilo je desetak članova.
Smatramo da je to dobar odziv, s obzirom da su naši članovi uglavnom starije osobe. A čak da je i samo jedan dao, to znači da smo spasili bar jedan život, kaže Petruševski.
Već unazad četiri do pet godina organizuje se doniranje jaja za Uskrs i školski čas za decu u školama za decu sa posebnim potrebama u Nišu, bivši „14.oktbar“, sada „Carica Jelena“, i u Školi sa domom za decu „Bubanj“.
Od naših para, od članiraine kupimo oko 500 jaja. Pola od toga, naše žene skuvaju, a drugu polovinu i ofarbaju. Njih podelimo deci, a drugu polovinu na samom času deca slikaju, objašnjava Blagoja Ilijevski.
Reakcija dece je fenomalna. Samo da se doživi, Presrećna su. Mi pričamo sa njima. Čak su jedan dečak i devojčica prišli mojoj supruzi i rekli da žele da se venčaju i pitali je da im bude kuma, dodaje Petruševski.
Na kraju časa, proglašava se najbolje ofarbano jaje i dele nagrade za prva tri mesta. Nagrade sami obezbeđuju. To su majica, školski pribor, slatkiši, nešto što je toj deci potrebno, a i znaju da će ih obradovati.
Posebno se ponose humanitarnom pomoći koji su dali školi „Bubanj“ 2017. godine, kada su im uručili potpuno novio „smederavac“.
Taj šporet smo osvojili kao pobednici polufinala republičke manifestacije „Izađi mi na teglu“ u Nišu. I rešili smoda ga poklonimo onima kojima je u tom trenutku bio najpotrebniji, kaže Petruševski.
Bili su prisutni predstavnici grada i opštine Palilula.
Svi su bili su iznenađeni. Kažu da su baš tada opremali učionicu za praktični rad i da im je bio potreban đporet ili rešo za praktično kuvanje namirnica i učenje upotrebe šporeta, dodaje Ilijevski.
Tokom cele godine, Makedonci i njihovi prijatelji Srbi iz „Vardara“ učestvuju i u „Čepeningu“ – godišnje skupe po 50 petolitarskih balona punih plastičnih čepova
Do sada smo predali oko 300 balona, a pre toga smo to davali u džakovima – velikim, punim džakovima, kažu članovi Udruženja.
Skupljali su i pomoć korisnicima Doma za decu bez roditeljskog staranja „Duško Radović,“ Specijalnoj psihijatrijskoj bolnici u Gornjoj Toponici kraj Niša. Za njih su kupovali i hranu, a i garderobu koju su donirali članovi.
Učestvovali su i u pomoći za poplavljene u Srbiji, ali i u Makeodniji.
Zahvaljujući nama, u jednu akcija uključila se i niška gradska opština Medijana i to za poplavljene u Skoplju, za obnovu dečijih ustanova. Oni su donirali oko 200.000 dinara, plus mo mi skupili novac, kažu niški „Vardarci“
Po potrebi, organizuju se i akcije za prikupljanje pomoći najugorženijim članovima udurženja, kad je to neophodno.
Upravni odbor Udruženja pratio je situaciju vezanu za koronu i videli smo da je jednom našem članu bila neophodno pomoć, pa smo kupili određenu količinu hrane i sredstava za higijenu. Inače, ranijih godina kad je neko bolestan, ili mu je član pordoice teže bolestan, a slabijeg su materijalnog stanja, uvek priskučimo u pomoć, kažu u „Vardaru“.
Ne propuštaju ni humanitarne akcije koje organizuju drugi. Tako su učestvovali humanitarnoj Tortijadi, u organizaciji Udruženja privrednika i zanatlija Jugoistočne Srbije (gde su ove godine osvojili i dve zlatne medalje, za sitne kolače i slavski kolač), Pitijadi (gde Aktiv žena učestvuje u saradnji sa Opštinom Pantelej), akciji „Hleb naš nasušni“ koju organizuje Udruženje roditelja dece sa posebnim potrebama „Zajedno do svetlosti“ iz Svrljiga, a u saradnji sa opštinom Svrljig i manastirom Sv. Arhandjel Gavrilo u selu Pirkovac kod Svrljiga.
Naravno, svi prehrambeni proizvodi izloženi na ovim manifestacijama idu u humanitarne svrhe ustanovama koji brinu o našim ugroženim sugrađanima.
Ovaj projekat sufinansiran je sredstvima Ministarstva kulture i informisanja. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove organa koji je dodelio sredstva.