четвртак, новембар 21

ПРВИТЕ 20 ГОДИНИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ „ВАРДАР“ ВО НИШ/PRVIH 20 GODINA UDRUŽENJA MAKEDONACA „VARDAR“ U NIŠU (VIDEO)

0
161

Здружението на Македонците „Вардар“ во Ниш прослави две децении од своето формирање.

На свечената академија што се одржа во салата на Нишкиот културен центар присуствуваше и амбасадорката на Северна Македонија во Србија, Михаела Веселинов.

Со двете национални химни на Северна Македонија и Србија, Македонците во Ниш ја започнаа свеченоста по повод големиот јубилеј: 20 години организација и работа на Здружението на граѓани на македонското национално малцинство на Нишавската оклија  „Вардар“ Ниш.

Првиот претседател и еден од четирите иницијатори за оснивање на Здружението беше Благоје Илијевски.

Нема ништо поубаво од ова! Да славиш 20 години и да имаш толкаво внимание од граѓаните и пријателите е неверојатно чувство, вели Илијевски.

Тој додава дека во изминативе две децении се градеше куќата, беше ставен и покривот, но и на актуелниот претседател на „Вардар“ му испраќа порака дека следи уредување на се што е ставено под тој покрив.

За успешноста во работата на Здружението „Вардар“ сведочат бројните признанија, награди и благодарници што Здружението „Вардар“ ги доби  во градот Ниш, во повеќе места во Србија и во својата татковина Македонија. Затоа актуелниот претседател Благе Петрушевски не го крие задоволството.

Не можевме да ги донесеме сите признанија овде. А ги има околу 230! Останаа во просториите на Здружението! Сите велат дека сме најактивно здружение на националните малцинства во Ниш и тоа ме тера да се чувствувам одлично. Среќен сум што секаде го претставувам Здружението, Градот  Ниш и нашата татковина Македонија, вели Петрушевски.

Здружението „Вардар“ Ниш е едно од првите формирани здруженија на граѓани од македонското национално малцинство во Србија, кое и оваа година во Панчево прослави 20 години од институционалното организирање во Србија.

На свечената академија присуствуваа и амбасадорката на Македонија во Србија, Михаела Веселинов и претседателот на Националниот совет на Македонската национална заедница во Србија, Борче Величковски.

Со самото формирање на Националниот совет, здруженијата на Македонците во Србија, кои најпрво беа замислени како начин за неформално запознавање и дружење на Македонците во Србија, добиваат поинаква улога. На некој начин станаа амбасадори на поврзување на две култури и заедници, Република Србија и Република Македонија, вели Величковски.

Здружението „Вардар“ со своите активности и промоција на македонската култура, јазик и обичаи придонесе за зајакнување на добрососедските односи меѓу двете култури и држави, вели амбасадорката на Северна Македонија во Србија.

По повод јубилејот на најзаслужните членови на Здружението им беа врачени благодарници. За најактивна во оваа година едногласно е избрана Зорица Петрушевски.

Друштвото Вардар секое лето организира Денови на македонската култура во Ниш, учествува во одбележувањето на сите значајни датуми и празници, градски манифестации, активно се хуманитарно ангажира, соработува со градските и општинските институции за култура, а беше и посредник во збратимувањето на градот Ниш со општини од Северна Македонија.

Udruženje Makedonaca „Vardar“ u Nišu obeležilo je dve decenije od osnivanja.

Svečanoj akademiji održanoj u Sali NKC prisustvovala je i ambasadorka Severne Makedonije u Srbiji, Mihaela Veselinov.

Uz dve himne, Severne Makedonije i Srbije, Makedonci u Nišu počeli su svečanost kojom obeležavaju veliki jubilej: 20 godina organizovanja i rada Udruženja građana makedonske zajednice u Nišu „Vardar“. Prvi predsednik i jedan od četiri inicijatora bio je Blagoje Ilijevski.

Od ovoga lepšeg nema! Da slaviš 20 godina i da imaš ovoliku pažnju građana, prijatelja – to je neverovatan osećaj, kaže Ilijevski.

Dodaje da je za protekle dve decenije kuća izgrađena, stavljen je i krov, ali i šalje poruku aktuelnom predsedniku „Vardara“ da sada predstoji uređenje svega pod tim krovom.

O uspešnosti rada Udruženja „Vardar“ govore brojna priznanja, nagrade, zahvalnice koje je Udruženje Vardar dobilo i u gradu i u Srbjii i u matici Makedoniji. Zato aktuelni predsednik, Blage Petruševski ne skriva zadovoljstvo.

Nismo mogli sva priznanja da donesemo ovde. A ima ih oko 230! Ostala su u prostorijama Udruženja! Svi kažu da smo najaktivnije udruženje nacionalnih manjina u Nišu i ja se zbog toga odlično osećam. I svuda rado predstavljam i Udruženje i Niš i našu maticu Makedoniju, kaže Petruševski.

Udruženje Vardar jedno je od prvih formiranih udruženja građana makedonske nacionalne manjine u Srbiji koja je ove godine u Pančevu proslavila takođe 20 godina institucionalnog organizovanja u Srbiji.

Svečanoj akademiji prisustvovali su i ambasadorka S.Makedonije u Srbiji, Mihaela Veselinov i predsednik Nacionalnog saveta makedonske nacionalne zajednice u Srbiji, Borče Veličkovski.

Samim formiranjem Nacionalnog saveta, udruženja Makedonaca u Srbiji, koja su najpre bila zamišljena kao način da se Makedonci u Srbiji upoznaju i neformalno druže, dobijaju drugačiju ulogu. Na neki su način postali ambasadori povezivanja dveju kultura i zajednica, Republike Srbije i Republike Makedonije, kaže Veličkovski.

Udruženje Vardar svojim aktivnostima i promocijom makedonske kulture, jezika i običaja doprinelo je učvršćivanju dobrosusedskih odnosa dveju kultura i država, kaže ambasadorka Severne Makedonije u Srbiji.

Povodom jubileja, najzaslužnijim članovima Udruženja uručene su zahvalnice. A kao najaktivnija ove godine izabrana je Zorica Petruševski.

Udruženje Vardar svakog leta organizuje Dane makedonske kulture u Nišu, učestvuje u obeležavanju svih važnih datuma i praznika, gradskim manifestacijama, aktivno se bavi dobrovoljnim radom, sarađuje sa gradskim i opštinskim institucijama kulture, a bilo je i posrednik u pobratimljenu niških gradskih sa opštinama iz Severne Makedonije.

 

 

Leave a reply