ЗДРУЖЕНИЕ „ВАРДАР“ – 19 ГОДИНИ ВО НИШ! / UDRUŽENJE „VARDAR“ – 19 GODINA U NIŠU!
Здружението на Македонците во Ниш „Вардар“ ја одбележа 19-тата година од своето постоење! Основана е на 20. декември 2002 година, па членовите во пресрет на Новата година го прославија својот роденден, но и доаѓањето на 2022 година, со надеж дека пандемијата на ковид, ако не исчезне, барем ќе овозможи повеќе дружење и заеднички настани.
Заедно со песната, и македонска и српска, заедно со македонското оро, но и српското коло, се потсетија на многу денови и вечери поминати заедно, пријатели од родната Македонија, но и Србија и се што направија заедно за припадниците на својата национална малцинство во Србија, но и за своите соседи во Ниш.
Бидејќи, како што самите посочуваат, станува збор за здружение во кое за членството не е пресудна националната припадност, туку хуманоста, меѓусебното почитување и разбирање и волјата за почитување на сопствената и традициите на другите народи, да се подобри животот на локалната заедница и остави историски белег како патоказ за следните генерации.
Многумина се во „Вардар“ повеќе од една деценија. Затоа не е лесно од памет да се издвојат најубавите заедно доживеани моменти. Затоа што ги имаше многу!
Зорица Петрушевски е член на Здружението од 2009 година.
Вечерва се собравме овде да го прославиме 19-тиот роденден на Здружението. Видете, јас сум член на Здружението од 2009 година, значи скоро 13 години. Откако станав член на здружението ме врзуваат многу убави и пријатни спомени, а не само мигови.
Од првиот ден на членство почувствував дека здружението негува добри и пријателски односи меѓу членовите. Бев активно вклучена во работата на здружението. Мојот конкретен придонес се огледа во подготовката и презентацијата на бројни специјалитети од македонската национална кујна (клчано, татлија кумановска, постапалки, пастрмајлија, македонски ореви со мека кора, баници…), и самата не знам колку награди освоив и лично и како член на тимот на Здружението.
Овде особено би сакала да ја истакнам мојата среќа и радост кога го добивме правото да во 2009 година учествуваме како тим на здружението на меѓународната манифестација „Гастро-слава“,во Белград. На тој настан ја освоивме една од првите поголеми награди за Здружението “плакета”.
Секако, се радував кога здружението почна да ги реализира настаните „Денови на македонската култура“, дарувајќи јајца на учениците од специјалните училишта „Бубањ“ и „Царица Јелена“ по повод Велигден, па секогаш ме радува кога здружението учествува или организира било кој настан. И денеска сум особено среќна бидејќи ја добив наградата „најактивен член во 2021. година“ за мојот ангажман во претставувањето на Здружението.
Овде можете да видите како се дружиме вечерва, весело, опуштено, со музика, песна и игра и сите заедно да го прославиме 19-тиот роденден на нашето здружение, додава Росанда Николиќ.
Лично за мене, сите изминати години откако сум член на здружението, секако најубавите моменти се нашето пријателство, секое наше учество на настан на кој се презентираат традициите и културата на македонскиот народ, учество во одбележување на значајни датуми за македонски и српски народ, целиот хуман ангажман и да кажам се ми е убаво во здружението. Убаво ми е и кога одиме во просториите на здружението да седнеме да пиеме кафе и да разговараме и да слушаме музика, македонска и српска.
Роденденски четврток е приказна за себе, тоа е последниот четврток во месецот кога сите славиме родендени на членовите родени во тој месец. Просториите на здружението се мали, и многу често се заигра и запее и во ходникот, пред просториите на здружението. Да не зборувам повеќе, се ми е убаво во здружението.
Борче Вељановски во Здружението Вардар дојде пред пет години.
Со сопругата членуваме во здружението од 2016 година, а две ќерки од 2019 година. Најсреќен член во многу наши активности е нашата внука, која има само 5 години, која иако не е официјално член, секогаш дава подршка и внесува позитивна енергија на состаноците и активностите.
Најубавите моменти на кои се сеќавам се дружењето во друштвото и на сите настани. Дружењето е доброволно и без обврски, како и самото учество во активности каде што се појавува здружението. Тоа е богатство, бидејќи во реализацијата на секоја активност секој го дава својот максимум, а потоа разбирливо е дека и резултатите доаѓаат, кои здружението ги покажуваат во најдобро светло.
Лично, еден од најубавите моменти за мене е предлогот на нашето здружение да јас добијам признание „Благодарница” од Националниот совет на Македонците во Србија, а за мојот придонес во работата и афирмацијата на Националниот совет на Македонците во Србија, кое го добив на 10 декември 2016 година, во Јабука кај Панчево.
Со задоволство се сеќавам на учеството на тимот на нашето здружение во 2017 година на националната манифестација „Излези ми на тегла“, натпревар во подготовка на ајвар, чии членови бевме јас и мојата сопруга, кога Здружението го освои првото место во Ниш и како главна доби главна награда доби нов шпорет „Смедеревац“ а го стекна и правото да го претставува градот Ниш на републичкиот финален натпревар во Соко Бања. Горд сум што членовите на тимот едногласно донесоа одлука добиениот „Смедеревац“ да го донираат на Специјалното училиште со дом за деца „Бубањ“ во Ниш, на тој начин уште еднаш го покажаа својот хуман ангажман. Инаку, со училиштето „Бубањ“ имаме успешна, долгогодишна соработка.
Друг важен момент на кој со радост се сеќавам е организирањето на Свечената академија во 2017 година во Куклениот театар Ниш. Академијата беше организирана во соработка со Националниот совет на Македонците во Србија, по повод 15 години постоење и работа на нашето Здружение и 13 години постоење и работа на Националниот совет на Македонците во Србија.
На свечената академија беше прикажан богат културно-уметнички програм а на неа присуствуваа: нејзината екселенција Амбасадорката на Македонија Вера Јовановска Типко, претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија г. Борче Величковски со членовите на Националниот совет, градоначалникот на Ниш г. Дарко Булатовиќ и многу други гости. Тогаш на нашето здружение, како најдобро здружение во Србија, г. Борче Величковски го врачи највисокото признание кое го доделува Националниот совет на Македонците во Србија „Свети Климент Охридски“.
Дури и оние кои неодамна се приклучија на Здружението, веќе имаат убави спомени.
Иако сум член на Здружението „Вардар“, веќе неколку месеци со ентузијазам забележувам дека темелот на сите односи овде е почитувањето. Најпрво членовите на Здружението меѓусебно се почитуваат. Тоа се гледа во односот на членовите еден кон друг, во односот што го имаат со нивните заеднички планови и обврски. Начинот на кој овие луѓе комуницираат и ги одржуваат своите пријателства, ја враќа вербата во културата, доброто однесување, во сè што е изгубено во последно време.
Следно што членовите на „Вардар“ го почитуваат и негуваат е македонската култура. Таа постои преку настани каде што ги презентира јазикот, уметноста и обичаите на македонскиот народ. Најпознатиот настан секако се „Деновите на македонската култура“. Освен овој настан, има и бројни други на кои се учествува со многу ентузијазам и каде често се освојуваат награди.
Она што е најубаво е што Здружението со ист жар ги почитува и негува и обичаите и традициите на Србија. Во овој поглед, има два подеднакво драги настани на кои присуствував. Ја имав честа да присуствувам на положување венци на споменикот на војводата Петар Бојовиќ. Можност и чест што не се пружа често, а на која со задоволство одговорив. Друг настан ми беше исклучително интересен. Станува збор за изложбата „Сакрални објекти во Ниш – вчера, денес, утре“ во организација на нашето Здружение, чиј автор е нашиот член Благоје Илијевски и која беше подржана од Градот Ниш. Интересно е што господинот Илијевски прв им покажа на жителите на Ниш сите цркви и џамии во градот и неговата околина.
Сите нагласуваат дека се горди на фактот што Здружението донесе позитивна енергија и го збогати културниот и општествениот живот во градот со своите манифестации.
Појавувањето на здружението во јавниот живот на Ниш, мислам дека со љубов беше прифатено од нашите сограѓани. Забележувам дека постојано, на секој настан каде што сме поканети да учествуваме, секогаш сме со задоволство пречекани и прифатени, нашите штандови отсекогаш биле многу популарни и храната со задоволство се дегустираше. На улица неколку пати ми се случи сограѓани да ме препознават како член на Здружението на Македонците. Во една прилика еден таксист ме возеше на настан, патем му кажав што сум подготвила, кога стигнавме на дестинацијата ме замоли да му дадам едно салче, бидејќи мирисаат многу убаво, а не ги јадел повеќе од 20 години, вели Зорица Петрушевски.
Македонската заедница во Ниш на чело со нашето здружение е многу активна па и во цела Србија. Благодарение на ангажманот на многубројните здруженија на Македонците во Србија, многу луѓе кои не се од македонска националност научија многу за нашата култура, литература, национални обичаи и историја. Медиумите, а особено вашата телевизија, дадоа голем придонес за нашата заедница да биде препознатлива во нашиот град, како заедница која се труди да со своите активности го зачува својот идентитет, да ги одржува и подобрува блиските односи меѓу македонскиот и српскиот народ и да ги збогати настаните во Ниш, додава Росанда Николиќ.
А Ивана Тодоровски на крајот порачува:
Ја знаете изреката „Ако сакате брзо да стигнете, патувајте сами, а ако сакате да стигнете далеку – патувајте во друштво“. Здружението „Вардар“ секако е добро друштво со кое може многу да се постигне и далеку да се стигне.
UDRUŽENJE „VARDAR“ – 19 GODINA U NIŠU!
Udruženje Makedonaca u Nišu “Vardar” obeležilo je 19.godina postojanja! Osnovano je 20. decembra 2002.godine, pa su članovi, uoči Nove godine, proslavili i rođendan, ali i dolazak 2022. godine uz nadu da će im u njoj pandemija kovida, ako i ne nestane, bar omogućiti više druženja i zajedničkih manifestacija.
Uz pesmu, i makedonsku i srpsku, uz makedonsko oro, ali i srpsko kolo, prisetili su se mnogih zajednički provedenih dana i večeri, prijatelja iz rodne Makedonije, ali i Srbije i sve ono što su zajednički uradili i za pripadanike svoje nacionalne manjine u Srbiji, ali i za sve svoje komšije iz Niša.
Jer, kako sami ističu, reč je o udruženju u kojem za članstvo nije presudna nacionalna pripadnost, već ljudskost, međusobno poštovanje i razumevanje i volja da se, uz poštovanje svoje i tradicije drugih naroda, unapredi život lokalne zajednice i ostavi istorijski trag kao putokaz za naredne generacije.
U “Vardaru” su mnogi već duže od deceniju. Zato nije lako iz sećanja izdvojiti najlepše zajednički doživljene trenutke. Jer bilo ih je mnogo!
Zorica Petruševski je članica Udruženja od 2009.godine.
Vidite, ja sam članica skoro punih 13 godina. Od kako sam postala članica udruženja za udruženje me vezuje mnogo lepih i prijatnih uspomena. Od prvog dana članstva osetila sam da u udruženju vladaju dobri i prijateljski odnosi između članova. Aktivno sam se uključila u rad udruženja. Moj konkretan doprinos ogledao se u pripremanju i predstavljanju brojnih specijaliteta iz makedonske nacionalne kuhinje (klčano, tatlija kumanovska, postapalki, pastrmajlija, makedonski orasi sa mekom korom, banice…), ja i sama ne znam koliko sam osvojila priznanja i lično i kao članica ekipe udruženja. Evo, posebno bih istakla svoju sreću i radost kada smo izborili pravo da kao ekipa udruženja učestvujemo na međunarodnoj manifestaciji „Gastro-slava” 2009. godine u Beogradu. Na toj manifestaciji osvojili smo jedno od prvih većih priznanja za Udruženje „Plaketu“. Svakako da sam bila srećna i kada je udruženje počelo da realizuje manifestacije “Dani makedonske kulture”, doniranje farbanih jaja đacima specijalnih škola “Bubanj” i “Carica Jelena” povodom Uskrsa, ma uvek sam srećna kada udruženje učestvuje ili organizuje bilo kakvu manifestaciju. Evo i danas sam posebno srećna jer sam za svoje angažovanje u predstavljanju Udruženja dobila priznanje “najaktivna članica u 2021. godini”, priča Zorica.
Evo vidite kako se večeras družimo, veselo, opušteno, uz muziku pesmu i igru i svi zajedno da obeležimo 19-ti rođendan našeg udruženja, dodaje Rosanda Nikolić.
Lično meni, svih proteklih godina od kada sam članica udruženja, najlepši trenuci su svako naše druženje, svako naše učešće na nekoj manifestaciji gde se predstavljaju tradicija i kultura i makedonskog naroda, učešće u obeležavanju važnih datuma za makedonski i srpski narod, svako humanitarno angažovanje i dalje da ne nabrajam, sve mi je lepo u udruženju. Lepo mi je i kada odemo u prostorijama udruženja da sedimo i uz kafu pričamo i slušamo muziku, makedonsku i srpsku.
Rođendanski četvrtak je priča za sebe, to je zadnji četvrtak u mesecu kada svi zajedno obeležavamo rođendane članovima rođenim u tom mesecu. Prostorije udruženja iako su male vrlo često tada se zaigra i zapeva i u hodniku, ispred prostorije udruženja. Da ne nabrajam dalje meni je u udruženju sve lepo.
Borče Veljanovski je u Udruženje “Vardar” došao pre pet godina.
Ja i moja supruga članovi smo udruženja od 2016. godine, ćerke, njih dve od 2019. g, a najradosniji član na većem broju naših aktivnosti je naša unukica, koja ima samo 5 godina, koja iako zvanično nije član uvek pruža podršku i unosi pozitivnu energiju na susretima i aktivnostima, počinje priču Veljanovski,
Kao najlepše trenutke koje pamtim je druženje, kako u samom udruženju, tako i na svim manifestacijama. Druženje je dobrovoljno i bez obaveza, kao i samo učestvovanje u aktivnostima gde se pojavljuje udruženje. To je bogatstvo, jer pri realizaciji bilo koje aktivnosti svako daje svoj maksimum, a onda razumljivo je da dođu i rezultati koji pokazuje udruženje u najboljem svetlu.
Lično meni, jedan od najlepših trenutaka je predlog našeg Udruženja Nacionalnom savetu makedonaca u Srbiji da ja za svoj doprinos u radu i afirmaciji Nacionalnog saveta Makedonaca u Srbiji, od strane Nacionalnog saveta dobijem „Zahvalnicu“. I dobio sam je 10.decembra 2016. godine, u Jabuci kod Pančeva.
Sa radošću se sećam i učešća ekipe našeg udruženja, čiji smo članovi bili moja supruga i ja, 2017. g na republičkoj manifestaciji „Izađi mi na teglu“, takmičenje u spremanju ajvara, kada je Udruženje osvojilo prvo mesto u Nišu i kao glavnu nagradu dobilo nov, novcijat šporet „Smederevac“ i izborilo pravo da predstavlja grad Niš na Republičkom finalnom takmičenju u Soko banji. Ponosim se što su članovi ekipe u Soko banji jednoglasno doneli odluku da se dobijeni „Smederevac“ donira Specijalnoj školi sa domom za decu „Bubanj“ u Nišu i na taj način još jednom pokazali i svoje humanitarno angažovanje. Inače sa školom „Bubanj“ imamo uspešnu, višegodišnju saradnju.
Još jedan od važnijih momenata, kojeg se sa radošću sećam, je organizovanje Svečane akademije 2017. godine u Pozorištu lutaka. Akademija je organizovana u saradnji sa Nacionalnim savetom Makedonaca u Srbiji, a povodom 15 godine postojanja i rada našeg Udruženja i 13 godine postojanja i rada Nacionalnog saveta Makedonaca u Srbiji.
Na svečanoj akademiji, na kojoj su bili prisutni Njena Ekselencija Ambasadorka Makedonije Vera Jovanovska Tipko, predsednik Nacionalnog saveta Makedonaca u Srbiji, Borče Veličkovski sa članovima Nacionalnog saveta, gradonačelnik Niša Darko Bulatović i druge brojne zvanice, uz bogat kulturno-umetnički program našem je udruženju, kao najboljem udruženju u Srbiji, Veličkovski uručio najveće priznanje koje dodeljuje Nacionalni savet Makedonaca „Sveti Kliment ohridski“, zaključuje Veljanovski.
Čak i oni koji su tek nedavno pristupili Udruženju, već imaju lepe uspomene.
Iako sam članica Udruženja „Vardar”, tek nekoliko meseci sa oduševljenjem primećujem da je temelj svih odnosa ovde poštovanje, kaže Ivanka Todorovski.
Najpre, poštuju se članovi Udruženja međusobno. To se vidi u ophođenju članova jednih prema drugima, u odnosu koji imaju prema zajedničkim planovima i obavezama. Način na koji ovi ljudi komuniciraju i održavaju svoja prijateljstva, vraća veru u kulturu, lepo ponašanje, u sve ono što se u novije vreme pomalo izgubilo.
Sledeće što poštuju i neguju članovi „Vardara“ je makedonska kultura. Postoji niz manifestacija na kojima prezentuje jezik, umetnost i običaje makedonskog naroda. Najpoznatija manifestacija svakako su „Dani makedonske kulture“. Sem ove manifestacije, postoje i brojne druge na kojima se sa puno elana učestvuje i gde se često osvajaju nagrade.
Ono što je najlepše jeste da Udruženje poštuje i neguje običaje i tradiciju Srbije sa istim žarom. Sa tim u vezi su dva podjednako draga događaja kojima sam prisustvovala. Imala sam čast da prisustvujem polaganju venaca na spomenik vojvodi Petru Bojoviću. Prilika i čast koja se ne ukazuje često, i kojoj sam se rado odazvala. Još jedan događaj mi je bio izuzetno zanimljiv. U pitanju je izložba „Sakralni objekti Niša – juče, danas, sutra“ koju je organizovalo naše Udruženje, čiji je idejni autor naš član Blagoje Ilijevski a koju je podržao Grad Niš. Zanimljivo je da je baš gospodin Ilijevski prvi Nišlijkama i Nišlijama predočio koje se sve crkve i džamije nalaze u gradu i okolini.
Svi naglašavju da su ponosni i na činjenicu da je Udruženje donelo pozitivnu energiju i svojim manifestacijama obogatilo kulturni i društveni život grada.
Pojava udruženja u javnom životu Niša, mislim da je s ljubavlju prihvaćena od strane naših sugrađana. To primećujem stalno, na svakoj manifestaciji gde smo pozvani da učestvujemo uvek smo rado dočekivani i prihvaćani, naši štandovi su uvek bili brojno jako posećivani a hrana rado degustirana. Na ulici više puta mi se desilo da me sugrađani prepoznaju kao članicu udruženja Makedonaca. Jednom prilikom vozač taksija vozio me je na neku manifestaciju, uz put sam mu ispričala šta sam sve pripremila, kada smo stigli na odredište zamolio me je da mu dam jedan salčić, jer mnogo lepo mirišu, a nije ih jeo više od 20 godina, kaže Zorica Petruševski.
Makedonska zajednica u Nišu predvođena našim udruženjem, pa i celoj Srbiji je vrlo aktivna. Zahvaljujući angažovanju brojnih udruženja Makedonaca u Srbiji, mnogi ljudi koji nisu makedonske nacionalnosti saznali su mnogo toga o našoj kulturi, književnosti, nacionalnim običajima i istoriji. Veliki doprinos su dali mediji a posebno vaša TV kuća, da naša zajednica bude prepoznatljiva u našem gradu kao zajednica koja se trudi da očuva svoj identitet, da održi i unapredi bliske odnose između makedonskog i srpskog naroda i svojim učešćem obogati dešavanja u Nišu, ističe Rosanda Nikolić.
A Ivana Todorovski za kraj poručuje:
Znate onu izreku „Ako želiš da stigneš brzo, putuj sam, a ako želiš da stigneš daleko – putuj u društvu“. Udruženje „Vardar“ je svakako dobro društvo sa kojim se može postići mnogo i stići daleko.
Ovaj projekat sufinansiran je sredstvima Ministarstva kulture i informisanja Republike Srbije. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove organa koji je dodelio sredstva.