недеља, новембар 24

„Вардар“ ќе стане полнолетен! / „Vardar“ postaje punoletan!

0
274

Здружението на Македонците „Вардар“ Ниш ќе наполни 18. години!

Здружението на Македонци „Вардар“  Ниш ќе го прослави своето полнолетство во декември 2020. година. Формирано е на 20. декември 2002. година, непосредно пред крајот на годината, на Денот на Свети Никола, 20. декември.

Идејата за обединување на Македонците постоеше и во времето на Југославија. Човекот кој ги направи првите конкретни чекори беше Гојко Илиевски од Пожаревац, кој формира здружение на Македонци во 1996. година. Преку него, таа идеја стигна до Гоце Нечевски, а потоа и до Благоје Илијевски, Владо Даштевски и Софија Петковиќ, сите од Ниш. Патот ги водеше кон Осман Балиќ, тогашниот функционер на Градската општина Медијана во Ниш и голем борец за правата на Ромите.

„Балиќ не прими, не послуша, ни го даде Уставот на Република Србија и не охрабри! Сеуште се сеќавам на неговите зборови: Одите, работите слободно, организирајте се и не плашете се и не обрнувајте внимание ако ви некој каже „Па, што сега сакаат овие Македонци?!“, се сеќава еден од оснивачите, Благоје Илијевски.

Основачкото собрание на Здружението се одржа во Собраниската сала на Градот Ниш, во присуство на педесетина граѓани од македонската националност.

„На почетокот се беше скромно, не знаевме ништо, немавме од кого да видиме и да учиме, но во годините што следеа, не водеше големата желба да покажеме кои сме“, вели Илијевски.

Здружението е регистрирано во Министерството за човекови и малцински права, а првиот јавен настап на „Вардар“ беше на „Македонската вечер“, на 24. мај 2003. година, во кафаната „Американац“ во Ниш. На прославата присуствуваа педесетина луѓе. Воспоставена соработка со Македонците што живеат и работат во Србија од Пожаревац, Јабука, Пландиште и тоа на средбата со регионалниот претставник на Хелсиншкиот одбор за човекови и малцински права Павел Демоњи, со новоформираниот Национален совет на македонското малцинство во Србија и Амбасадата на Република Македонија.

Здружението во 2006. година го посети неговата екселенција амбасадор на Република Македонија, но немавме каде да го примиме. На средбата на тогашниот македонски амбасадор во Србија, Виктор Димовски, со тогашниот градоначалник на Ниш, се разговораше и за доделување простории за работа на Здружението на Македонците. Сепак, од тоа остана само разговор. Следната 2007 година, повторно бевме домаќини на амбасадорот на Македонија, кој присуствуваше на промоција на информативно-политичкиот печатен весник на националната македонска заедница во Србија „Македонска виделина“. Тогаш, тој ја отвори првата самостојна изложба на Станче Ракиќ, членка на Здружението, која ја организираше Здружението, а истата година во Ниш ја организира и централната прослава на најголемиот празник на Македонците, „Илинден”, во соработка со Националниот совет на Македонците во Србија и Градската општина Медијана, вели Илијевски.

Бројот на активности и учество на манифестации во Ниш, но исто така и во Србија и матичната земја започна  рапидно да расне по отворањето на Регионалната канцеларија на Националниот совет на Македонците во Ниш, 22 март 2008. година во Трговскиот и деловен центар „Калча“, втор кат, ламела „Ц“, локал број 82 (каде се наоѓа и денес), каде што Националниот совет ја одржа својата прва седница, надвор од Панчево.

Од тогаш, Здружението организираше и учествуваше на дестици настани, беше домаќин на граѓани од цела Србија, но и на македонски здруженија и институции, беше домаќин на македонски амбасадори во Србија, конзули, секретари на амбасадата неколку пати, а оваа година и на министрите за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров и Србија, Ивица Дачиќ, по нивната средба во Ниш.

„Тоа беше голема чест за нас, но секогаш е чест и задоволство да биднеме домаќини на официјални лица, градоначелници, спортисти, уметници, хуманитарци, фолклористи од Македонија и од Србија. Сите луѓе со добра волја секогаш се добредојдени. Ние веќе престанавме да броиме кој се ни беше гостин, затоа што нашата врата секогаш е отворена за сите“, посочуваат членовите на Здружението „Вардар“ Ниш.

Активностите не запреа дури и во времето на корона вирусот, се одвиваат во намален обим и со почотување на сите препораки и мерки и, пред се, почитувајќи го правото на здравје на членовите и на сите оние кои соработуваат со Здружението.

Како ќе го прославиме својот јубилеен 18-ти роденден, на крајот на годината, ќе зависи пред се од тренутната епидемиолошка состојба. Но, дури и да нема голема прослава, сигурно ќе се слави и радува за полнолетството кога корона вирусот, дај Боже, што побрзо помине!

Udruženje Makedonaca u Nišu traje već 18 godina!

Udruženje Makedonaca „Vardar“ iz Niša proslaviće svoje punoletstvo u decembru 2020. godine. Formirano je 2002.godine, i to pred sam kraj godine, na Svetog Nikolu, 20. decembra.

Ideja o udruživanju Makedonaca  postojala je i u vreme Jugoslavije. Čovek koji je prvi  konkretne korake napravio bio je Gojko Ilievski iz Požarevca, koji je formirao Udruženje još 1996.godine. Preko njega, ta ideja stigla je do Gocе Nečovskog, a onda i do Blagoje Ilijevskog, Vladе Dašteskog i Sofije Petković, svi iz Niša. Put ih je vodio do Osmana Balića, tadašnjeg funkcionera niške gradske opštine Medijana i velikog borca za prava Roma.

Balić nas je primio, saslušao, darovao nam Ustav Republike Srbije i ohrabrio! Još se sećam njegovih reči: Idite, slobodno radite, organizujte se i nemojte se plašiti i obraćati pažnju ako vam budu rekli „Pa, šta sada hoće ovi Makedonci?!“, seća se jedan od osnivača, Blagoja Ilijevski.

Osnivačka skupština Udruženja održana je u skupštinskoj Sali Grada Niša uz prisustvo pedesetak građana makedonske nacionalnosti .

„Sve je bilo skromno na početku, ništa nismo znali, nismo ni imali od koga da vidimo i učimo, ali nas je kroz  godine koje su sledile vodila želja da pokažemo ko smo“, kaže Ilijevski.

Udruženje je registrovano u Ministarstvu za ljudska i manjinska prava, a prvo pojavljivanje u javnosti, „Vardar“ je imao na „Makedonsko veče“, 24.maja 2003.godine u kafani „Amerikanac“ u Nišu. Proslavi je prisustvovalo pedesetak ljudi. Uspostavljena je saradnja sa Makedoncima koji žive i rade u Srbiji iz Požarevca, Jabuke, Plandišta i to na sastanku sa regionalnim predstavnikom Helsinškog odbora za ljudska i manjinska prava Pavel Domonji, sa novoformiranim Nacionalnim savetom makedonske nacionalne manjine u Srbiji i ambasadom Republike Makedonije.

„Udruženje je  2006. godine je posetio Njegova ekselencija Ambasador R. Makedonije ali nismo imali gde da ga primimo. Na susretu tadašnjeg makedonskog ambasadora u Srbiji, Viktora Dimovskog  sa tadašnjim gradonačelnikom Niša,  poveo se razgovor i o dodeli prostorije za rad Udruženja Makedonaca. Međutim od toga je ostao samo razgovor. Naredne 2007.  godine opet smo ugostili  ambasadora Makedonije koji je prisustvovao promociji informativno-političkog štampanog glasila nacionalne makedonske zajednice u Srbiji,“Makedonska videlina“.Tom prilikom je otvorio prvu samostalnu izložbu Stanče Rakića, članice Udruženja, koju je organizovalo Udruženje, a iste godine je u Nišu organizovalo i centralnu proslavu najvećeg praznika Makedonaca, Ilindena, u saradnji sa nacionalnim savetom makedonaca u Srbiji i Gradskom opštinom Medijana, priča Ilijevski.

Broj aktivnosti i učešće na manifestacijama u Nišu, ali i Srbiji, pa i matičnoj državi počeo je ubrzano da raste nakon otvaranja Regionalne kancelarije Nacionalnog saveta makedonaca u Nišu, 22.marta 2008. godine u Trgovinsko poslovnom centru “Kalča”, drugi sprat, lamella “C”, lokal broj 82 (gde se i dan danas nalazi), gde je Nacionalni savet održao svoju prvu sednicu, van Pančeva.

Od tada je Udruženje organizovalo i učestvovalo na desetinama manifestacija, bilo domaćin građanima makedonske nacionalnosti iz čitave Srbije, ali i Makedonskih udruženja i institucija, po nekoliko puta ugostilo ambasadore Makedonije u Srbiji, konzula, sekretare ambasade,  a ove godine Udruženje je ugostilo i ministra spoljnihnjih poslova Makedonije, Nikolu Dimitrova, nakon susreta sa kolegom, Ivicom Dačićem u Nišu.

„To nam je bila velika čast, ali nam je uvek čast i zadovoljstvo da ugostimo zvaničnike, gradonačelnike, sportiste, umetnike, humanitarce, folklorce, kako iz Makedonije, tako i iz Srbije. Svi ljudi dobre volje uvek su nam dobrodošli. Već smo prestali da brojimo ko nam je sve bio gost, jer naša su vrata uvek otvorena svima“, ističu članovi Udruženja Vardar.

Aktivnosti nisu prestale ni u doba korone, ali u smanjenom obimu i uz poštovanje svih preporuka i mera i pre svega poštovanja pravo na zdravlje i svojih članova i svih onih koji sarađuju sa Udruženjem.

Kako će proslaviti svoj jubilarni 18.rođendan, krajem godine, zavisiće pre svega, od trenutne epidemiološke situacije. Ali, ako i ne bude velike proslave, sigurno će se slaviti i veseliti punoletstvu kad korona, daj Bože što pre, prođe!

Ovaj projekat sufinansiran je sredstvima Ministarstva kulture i informisanja. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove organa koji je dodelio sredstva.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a reply