четвртак, новембар 21

Здружението на граѓани од македонско потекло од Јужно банатскиот регион Вардар,  Вршац / Udruženje građana makedonskog porekla iz južnobanatskog regiona Vardar, Vršac

0
410

Здружението на граѓани од македонско потекло од Јужно банатскиот регион Вардар,  Вршац

На 18 јуни 2003, во Собранието на Општина Вршац, се промовира првата подружница на Здружението на граѓани од македонско потекло од Јужно банатскиот регион Вардар Панчево, Подружница Вршац. Свечената седница на Подружницата Вардар од Вршац се одржа под раководство на претседателот на Здружението на граѓани од македонско потекло од Јужнобанатскиот округ Вардар Панчево, Јован Радески, во присуство на претставниците Љубица Дојчиновска, Симо и Љиља Најдовски од Качарево, Перо и Лепа Ристовски и Светозар Петровски од Гудурица, Стеван Србиновски и Весна Мицевска Антал од Вршац. Присуствуваа и Ѓорѓе Крстов, Митра Илиќ, Димитрије Настов, Кристафил–Кице Куневски, Љиљана Милојевиќ и други.

После отворањето на седницата, претседателот на Здружението Вардар Панчево, Јован Радески, зборуваше за значењето на нашето организирање и за законите кои ни овозможуваат остварување на правата и обврските за зачувување на нашиот македонски идентитет. Откако се усвои Статутот на Здружението, се избра раководството на Подружницата, на чело со претседателот Ѓорѓе Крстов. За претставување на Подружницата УГМП Вардар од Вршац се избрани Ѓорѓе Крстов и Весна Мицевска Антал. На Собранието, по повод 100 години од Илинденското востание, предложено е да се организира Сéмакедонска изложба со документи и фотографии од првиот Илинден,1903, документи и фотографии од вториот Илинден 1945, и од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.

Две децении полни со активност

Ова е почеток на работа на Здружението на Македонците „Вардар“ од Вршац. Здружението во наредните 20. години организира многу манифестации, изложби, концерти … Редовно учествуваше во многу манифестации: „Гравче на тавче“ во Јабука, „Зелник фест“ во Качарево, „Празнични ѓаконии, богатство на различности“ во Вршац, „Златна есен“ во Гудурица…

Членовите на Здружението ја користат секоја можност и собир за да ги претставуваат своите ракотворби, рачни работи, ношни, но и традиционалната македонска кујна. Членовите на Здружението освојуваа награди за најдобри штандови и за најдобро припремени јадења, вели Дарко Ристески од ова здружение.

Во 2007. година за прв пат се одржа курсот по македонски јазик во Гудурица  и Вршац, за сите заинтересирани, а од 2017. година во Основното училиште „Моша Пијаде“ во Гудурица и во Основното училиште „Јован Стерија Поповић“ во Вршац, почна да се учи Македонскиот јазик со елементи на националната култура.

Соработка со културно-уметничкото друштво „Виногради“

Здружението има извонредна соработка со КУД „Виногради“ од Гудурика, со која преку проект организираше две кореографии – „Водарки“ и „Кумановско Поље“. Здружението за потребите на кореографиите обезбеди ношни, опанци и чорапи.

Токму со овие кореографии, како дел од македонскиот фолклор, КУД „Виногради“ се представи на многубројни манифестации во Ниш, Белград, Нови Сад, Бела Црква и секако во Вршац и Гудурица.

Драмски клуб

Во изминатите години акцентот беше на работа со младите, за кои беа организирани образовни кампови и работилници по повод најголемиот христијански празник „Велигден“ и Новите години. Посебна радост кај младите причини формирањето на драмска секција при здружението. Членовите на оваа драмска секција, околу десет деца, заедно со Дарко Ристески и Анѓелија Стојановиќ, осмислиа представа за деца и возрасни „Со кајче низ Македонија”.

Првата премиера на представата беше изведена на 17. декември 2022. година, во сала на Културниот центар во Вршац, кога бројните присутни, а посебно децата, уживаа во представата.

Монографија „Вардар Вршац 2002 – 2020“

Последните две години членовите на Здружението беа ангажирани во големиот проект – пишување Монографија на Здружението, собирање на белешки, настани, документи, но и сведоштва за животот на Македонците во Гудурица и Вршац, кој се најдоа во монографијата. Презентација на Монографијата беше одржана на 29. јануари 2023. година во преполната сала на Градскиот музеј „Конкордија“ во Вршац. Меѓу присутните беа претставници на здруженија на сите национални малцинства во Вршац и на здруженијата на Македонците од Качарево и Пландиште, претставник на општина Вршац, член на Советот за култура, г. Трајан Качина, претседател на Националниот совет на Македонците во Србија, Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Романците, Валентин Ардељан, амбасадорката на Република Северна Македонија во Србија, Михаела Веселинов, претставник на СПЦ, свештеникот Жељко, претставници од основните и средните училишта, Педагошката академија, директорката на Градската библиотека, Весна Златиќанинин, претставникот на Градскиот музеј и многу други граѓани, љубители на пишаниот збор.

Гостите ги пленеше почетокот на промоцијата со изведба на традиционална музика на кавал, од Дарко Ристески.

Во име на домаќините присутните ги поздрави претседателката на Здружението на Македонците, Весна Мицевска Антал. Потоа, тимот што работеше на Монографијата, предводен од авторот Стеван Србиновски, ја евоцира содржината на Монографијата со читање на резимето на Ленка Стојановиќ, читање цитати, рецитирање стихови кои се составен дел на Монографијата, од соработници на Монографијата, Љиљана Милојевиќ, Охридија Димитровски, Весна Мицевска Антал, и со песни и свирки на кавал од страна на Дарко Ристески.

Ова беше последен настан во организација на Здружението а за оваа 2023. година се планирани манифестации кои ќе ги соберат Македонците, како млади така и стари, во Вршац и Гудурица, вели Дарко Ристески.

Udruženje građana makedonskog porekla iz južnobanatskog regiona Vardar, Vršac

Prvi ogranak Udruženja građana makedonskog porekla iz južnobanatskog regiona Vardar Pančevo, Filijala Vršac, promovisan je 18. juna 2003. godine, u Skupštini opštine Vršac. Svečana sednica Vardarske podružnice iz Vršca održana je pod rukovodstvom predsednika Udruženja građana Makedonije Južnobanatskog okruga Vardar Pančevo Jovana Radeskog, uz prisustvo predstavnika Ljubice Dojčinovske, Sime i Ljilje Najdovski iz Kačareva, Pero i Lepa Ristovski i Svetozar Petrovski iz Gudurice, Stevan Srbinovski i Vesna Micevska Antal iz Vršca. Prisutni su bili i Đorđe Krstov, Mitra Ilić, Dimitrije Nastov, Kristafil-Kice Kunevski, Ljiljana Milojević i drugi.

Nakon otvaranja sednice, predsednik Udruženja Vardar Pančevo Jovan Radeski govorio je o značaju naše organizacije i o zakonima koji nam omogućavaju da ostvarujemo svoja prava i obaveze za očuvanje makedonskog identiteta. Nakon usvajanja Statuta Udruženja, izabrano je rukovodstvo Ogranka na čelu sa predsednikom Đorđem Krstovim. Đorđe Krstov i Vesna Micevska Antal izabrani su da predstavljaju Filijalu UGMP Vardar iz Vršca.

Na Saboru je, povodom 100. godišnjice Ilindenskog ustanka, predloženo da se organizuje polumakedonska izložba sa dokumentima i fotografijama sa prvog Ilindena 1903. godine, dokumentima i fotografijama sa drugog Ilindena 1945. godine i sa godinom nezavisnosti Republike Makedonije 1991.

Dve decenije pune aktivnosti

Ovo je početak rada Udruženja Makedonaca „Vardar“ iz Vršca. U narednih 20 godina Udruženje je organizovalo mnoge manifestacije, izložbe, koncerte… Redovno je učestvovalo na mnogim manifestacijama: „Gravče na tavče“ u Jabuci, „Zelnik fest“ u Kačarevu, „Praznici đakonije, bogatstvo različitosti“ u Vršac, „Zlatna jesen“ u Gudurici…

Članovi Udruženja koriste svaku priliku i okupljanje da predstave svoje rukotvorine, nošnje i tradicionalnu makedonsku kuhinju. Članovi Udruženja osvojili su nagrade za najbolje štandove i za najbolje pripremljena jela, kaže Darko Risteski iz ovog udruženja.

2007. godine prvi put je održan kurs makedonskog jezika u Gudurici i Vršcu, za sve zainteresovane, a od 2017. godine makedonski jezik sa elementima nacionalne kulture uči se u OŠ „Moša Pijade“ u Gudurici i OŠ „Jovan Sterija Popović“ u Vršcu.

Saradnja sa kulturno umetničkim društvom „Vinogradi“

Udruženje ima izuzetnu saradnju sa KUD-om „Vinogradi“ iz Gudurice, sa kojim je kroz projekat organizovalo dve koreografije – „Vodarki“ i „Kumanovsko polje“.

Udruženje je obezbedilo kostime, cipele i čarape za potrebe koreografija. Sa ovim koreografijama, kao deo makedonskog folklora, KUD „Vinogradi“ je nastupio na brojnim manifestacijama u Nišu, Beogradu, Novom Sadu, Beloj Crkvi i naravno u Vršcu i Gudurici.

Dramska sekcija

Proteklih godina akcenat je bio na radu sa mladima, za koje su organizovani edukativni kampovi i radionice povodom najvećeg hrišćanskog praznika „Uskrsa“ i Nove godine. Osnivanje dramske sekcije pri udruženju izazvalo je posebnu radost među mladima. Članovi ove dramske sekcije, desetak mališana, zajedno sa Darkom Risteskim i Anđelijom Stojanović osmislili su predstavu za decu i odrasle „Čamcem kroz Makedoniju“.

Prva premijera predstave izvedena je 17. decembra 2022. godine u sali Kulturnog centra u Vršcu, kada je brojna publika, a posebno deca, uživala u predstavi.

Monografija „Vardar Vršac 2002 – 2020“

Poslednje dve godine članovi Udruženja su bili angažovani na velikom projektu – pisanju monografije Udruženja „Vardar Vršac 2002 – 2020“, prikupljanju beleški, događaja, dokumenata, ali i svedočanstava o životu Makedonaca u Gudurici i Vršcu, koji su uvršteni u monografija, naglađava Dare Risteski.

Predstavljanje Monografije održano je 29. januara 2023. godine u prepunoj sali Gradskog muzeja „Konkordija” u Vršcu. Među prisutnima su bili predstavnici udruženja svih nacionalnih manjina u Vršcu i udruženja Makedonaca iz Kačareva i Plandišta, predstavnik opštine Vršac, član Saveta za kulturu g. Trajan Kačina, predsednik Nacionalnog saveta Makedonaca u Srbiji, Borče Veličkovski, predsednik Nacionalnog saveta Rumuna, Valentin Ardeljan, v. d. ambasadorka Republike Severne Makedonije Mihaela Veselinov, predstavnik SPC, sveštenik Željko, predstavnici osnovnih i srednjih škola, Pedagoške akademije, direktorka Gradske biblioteke Vesna Zlatićaninin, predstavnica Gradskog muzeja i mnogi drugi građani, ljubitelji pisane reči.

U ime domaćina prisutne je pozdravila predsednica Udruženja Vesna Micevska Antal. Zatim, tim koji je radio na Monografiji, predvođen autorom Stevanom Srbinovskim, dočarava sadržaj Monografije čitanjem rezimea Lenke Stojanović, čitanjem citata, recitovanjem stihova koji su sastavni deo Monografije, saradnika Monografije, Ljiljana Milojević, Ohridije Dimitrovski, Vesna Micevska Antal, a uz pesme i nastupe na kavalu Darka Risteskog.

Ovo je bila poslednja manifestacija koju je organizovalo Udruženje, a za ovu 2023. godinu planirane su manifestacije koje će okupiti Makedonce, i mlade i stare, u Vršcu i Gudurici, najavljuje Darko Risteski.


Leave a reply