четвртак, новембар 21

ФОРУМ НА МЛАДИ МАКЕДОНЦИ ВО СРБИЈА / FORUM MLADIH MAKEDONACA U SRBIJI

0
324

Форум на млади Македонци во Србија

Форумот на млади Македонци во Србија замислена како организација која ќе ги собира сите млади Македонци од овие простори е суштествена и битна алка на организирањето на македонската национална заедница во Србија. Секој сериозен систем, особено систем кој грижи за зачувување на националниот идентитет и просперитет, не може да се замисли и нема сериозен карактер без организација на младинците и нивниот секојдневен уплив во општествениот, политичкиот или пак стопанскиот живот.

Во своето досегашно постоење Форумот успеа пред се да ја удри темелната поставка на постоечки, организиран, интегрален, неодвоив и постојан дел на македонската заедница со што ја обезбедува иднината на македонскиот народ не само во Србија, веќе и во матичната земја Македонија. Форумот е своевиден доказ дека македонската национална заедница во Србија, не е само за сега и овде, веќе и за утре и засекогаш и ја представува снагата со која секоја заедница треба да се гордее, вели Зорица Митровиќ.

Форумот на млади Македонци работи, пред сe на афирмација на младите Македонци (и оние со македонско потекло) и нивно вклучување во сите форми на активности на македонската заедница во Србија. Ова е овозможено преку создавање и имплементација на интерактивни проекти од едукативeн и забавeн карактер во културниот, уметничкиот и полето на младинскиот активизам. Основан е во 2012 година, од група на млади ентузијасти во Белград на чело со Зорица Митровиќ и тогашниот конзул во македонската амбасада во Белград Марјан Јованоски. Иницијативата проистекна од здружението Македониум од Белград, кое во тој период реализираше голем број на програми и активности.

Хронолошки тек на активностите

Во текот на 2021 година подготвена е и играна двојазичната театарска претстава ,,Ветер во тапетите“ под покровителство на Фондацијата за отворено општество, Министерството за култура и Македонскиот национален Совет. Зоран Митровиќ, млад белградски актер со македонско потекло по мотивите на Мрожековата драма ја напиша сопствена дуо драма, и не само што је напиша, туку и ја режираше и во неа игра заедно со колегата Немања Симиќ. Претставата е играна ширум Србија.

Во текот на 2019 година, реализиран е проект за дизајнирање, подготовка и изведба на двојазична детска претстава „Големиот принц“ што се одигра по повод Меѓународниот ден на детето 20 ноември во Младинскиот центар во Панчево, за учениците кои го учат македонскиот јазик со елементи на националната култура. Претставата се играше во Јабука и во Лесковац.

Во текот на 2016 година, Форумот беше носител на активностите за време на прославата на јубилејот – 70 години од доселувањето на Македонците во Јужен Банат. По тој повод, во Центарот за култура во Панчево се одржа свечена академија, каде што беа присутни и говореа тогашните претседатели на Република Србија и Република Македонија – Томислав Николиќ и Ѓорге Иванов.

Етно музика

Во 2016 година, нашите истакнати членови кои што се занимаваат со етномузикологија Горан Милошев и Јулијана Јовановиќ од Нови Сад спроведоа теренски истражувања во Јабука и Качарево, кои подоцна беа објавени во форма на книга „Музичко-танчерска традиција на Македонците во Качарево“, што овозможи трајна евиденција за постоењето на македонската национална заедница на овие простори и литература што идните генерации ќе можат да ја изучуваат и користат во својата работа – музика и танц, што го прави главен дел, еден од најважните што досега ги има македонската заедница во Србија. Книгата е промовирана во Качарево, Панчево, како и во институтот ,,Матица српска“ во Нови Сад.

,,Македонија во моите очи’’

Членовите на Форумот организираа награден конкурс за фотографии од Македонија, наречен ,,Македонија во моите очи’’ во рамките на кој младите од цела Србија ни ги испратија своите најубави фотографии направени во Македонија. За нив се гласаше на социјалната мрежа фејсбук, а во гласањето се приклучија повеќе од 3000 луѓе. Главната награда, Форумот ја обезбеди во соработка со агенцијата за промоција за туризмот на Македонија, викенд во славното Крушево.

По успехот на овој проект, осмисливме едногодишен циклус на конкурси во рамките на кои младите во Србија имаа можности да во различни форми ја изразат својата креативност, инспирирана од убавините и богатството на Македонија, а ние како организација имавме прилика уште повеќе да се промовираме и анимираме и ,,разбудиме’’ уште поголем број на млади Македонци во Србија да ни се приклучат.

Спроведен е и литературен конкурс, во рамките на кој младите од Србија ни ги испраќаа своите творби на македонски и српски јазик на тема ,,Македонија во моите очи.’’ Јованка Србиноска (проф.по македонски јазик и членка на Форумот) ги преведуваше творбите, а жирито во состав Искра Пенева и Саша Младеновиќ (поети, членови на Форумот) ги одбраа најдобрите три творби. Двојазичната збирка на творбите издадена е во соработка со Макеоднскиот издвачки и информативен центар во Панчево, а книгата беше промовирана на настанот кои го организиравме по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик , 21 февруари 2014, вели Зорица Митровиќ.

Xуманитарни активности

Форумот, исто така, спроведува хуманитарни активности по повод одбележувањето на роденденот на Тоше Проески – активност со најдолга и непрекината традиција во ФММ. Секоја година, на 25 јануари, членовите на ФММ организираат хуманитарни активности, како доброволно дарување крв и концерт за собирање средства. Активности се одржаа во Белград, Панчево, Ниш и Нови Сад. Досега на концертите учествуваа Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Данијел Кајмаковски, Tribute band Тоше Проески, КУД „Македонија“ од Штип, а собраните средства им помогнаа на организацијата Белхоспис и организацијата НУРДОР. Форумот на млади Македонци е активен учесник во програми и проекти во рамките на програмата Еразмус +, во рамките на кој обезбедува учесници и предавачи на семинари низ цела Европа.

Радио, дружење, култура…

Во текот на 2013 година, формиравме и организиравме проби на пеачката група ,,Етно форум’’ со која имавме настапи во белградската Скадарлија, заедно со пеачкото друштво Луњина од Белград и националниот ансамбл Тоше Проески од Панчево. После тој настап организиравме и прва македонска журка во Белград.

Едно време функционираше и онлајн радио станица – Младинско радио Форум, која што ја уредуваше Оливер Јакимов, но поради немање на соодветна, односно никаква техничка опрема и простор тоа траеше кратко.

Во соработка со здружението Македониум ги реализиравме манифестациите ,,Македонски културни дејци’’ и Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија.’’

Младите во акција

Врз партнерства со организациите од Европска унија, а во рамките на програмата Youth in action, на своите членови им обезбедувавме неформална едукација, семинари, обуки и тренинзи на теми младински активизам, малцински права и интеграција. Како партнер организација учествувавме на меѓународни проекти и тоа во Брисел, Сарајево, Сремски Карловци, Маврово, Штип, Анкара, Кардиф, Истанбул, Јорк, Сицилија, Лондон и Корча, во кои учествуваа вкупно 25 наши членови односно претставници.

Покренавме и проект за отворање на македонски катчиња во градските библиотеки во Србија, чија крајна цел е афирмација и промоција на македонскиот пишан збор.  Донација на книги  добивме од печатницата „Европа 92“ од Кочани,и тие книги денес се во библиотеката на здружението Македониум во Белград, вели Зорица Митровиќ.

Во соработка со организацијата Отворена комуникација, ФММ организираше дебата на тема-долгогодишниот спор на Македонија со Грција.

Двочлените тимови дебатираа дали Македонија треба или не треба да го смени името, но не изнесуваа свои, лични ставови.Целта на дебатата беше, преку игра, да се вежба вештината на говорот-ораторството и надмудрувањето, без да се донесува конкретен заклучок.

Покрај Небојша Колунџиќ и Јован Петронијевиќ, меѓу дебатерите беа и Хелена Иванов-најдобрата говорничка на Светското универзитетско дебатно првенство во Индија 2013 и нејзиниот колега Стефан Сириџански, кој, на истото натпреварување, го освоил второто место.

Жирито, во кое беа Ристо Ристовски (дипл. политиколог, искусен дебатер и познавач на оваа тема) и Тијана Митаноски-член на ФММС и организатор на дебатата, одлучи дека поуспешен во изнесувањето на аргументите беше тимот што го застапуваше ставот дека Република Македонија не треба да го смени своето уставно име. Така одлучи и публиката, во која, покрај членовите на Форумот, беа и студенти и средношколци-членови на дебатните клубови во Белград.

Како круна на работата во таа година е и потпишаниот Меморандум за соработка со Канцеларијата за човечки и малцински права на Владата на Република Србија, во кој е дефинирана потесна соработка, но и иницијатива за вклучување на младите припадници на македонското национално малцинство во проектот Стажирање во институциите на Владата на Р.Србија, во која беа вклучени младите од босанската, ромската и албанската национална заедница.

Празници

Со сукан мазник со паричка, македонските специјалитети и вина Форумот на млади Македонци традиционално го одбележуваше доаѓањето на православната Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Тоа се прави на симболичен начин, помешан од неколку традиционални обичаи во Македонија. Врз мазникот со парето, кој секогаш го прави некој од здружението, сите ставаат симболичнa сума на пари. Потоа мазникот се врти и секој си зема по парче. Додека не се изеде и последното парче, не се кажува во кој е парето. Среќниот добитник од моментот кога ќе го покаже парето, станува домаќин на вечерта и со парите под мазникот части пијалок. Во чест на доаѓањето на православната Нова година, присутните, разменуваат и новогодишни подароци, а со дружење и добра забава се продолжува до касно вечер.

Во рамките на конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“која што беше организирана од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија – Н.Е. Д-р Ѓорге Иванов беше презентиран и Форумот на младите Македонци, кој делува во рамките на македонската заедница во Србија, од страна на членовите на ФММ: Зорица Митровиќ, Наташа Николовска, Андреј Лунески и Константин Коцев, кои, воедно, се и поранешни учесници на Школата за млади лидери. Претставени се и сите три столба на делување на македонската заедница во Србија, како и НИУ МИИЦ и Македонската бизнис асоцијација.

Како организација на почетокот од своето функционирање бевме дел од процесот кој донесе до креирање на Прва национална стратегија на македонската национална заедница во Србија 2013 – 2023, креирајќи ја стратегијата за младите Македонци во Србија.

 

Forum mladih Makedonaca u Srbiji

Forum mladih Makedonaca u Srbiji, zamišljen kao organizacija koja će okupiti sve mlade Makedonce sa ovih prostora, suštinska je i važna karika u organizovanju makedonske nacionalne zajednice u Srbiji. Svaki ozbiljan sistem, a posebno sistem koji brine o očuvanju nacionalnog identiteta i prosperiteta, ne može se zamisliti i nema ozbiljan karakter bez organizovanja mladih i njihovog svakodnevnog uključivanja u društveni, politički ili ekonomski život, kaže Zorica Mitrović iz ovog Foruma.

Forum je u svom dosadašnjem postojanju uspeo da udari u temeljnu postavku postojećeg, organizovanog, integralnog, neodvojivog i trajnog dela makedonske zajednice, koji obezbeđuje budućnost makedonskog naroda ne samo u Srbiji, već i u matičnoj zemlji Makedonije. Forum je svojevrsni dokaz da je makedonska nacionalna zajednica u Srbiji ne samo za sada i ovde, već i za sutra i zauvek i predstavlja snagu kojom svaka zajednica treba da se ponosi, navodi Mitrovićeva.

Forum mladih Makedonaca radi, pre svega, na afirmaciji mladih Makedonaca (i onih makedonskog porekla) i njihovom uključivanju u sve oblike delovanja makedonske zajednice u Srbiji. Ovo je omogućeno kreiranjem i realizacijom interaktivnih projekata edukativnog i zabavnog karaktera u oblastima kulturnog, umetničkog i omladinskog aktivizma.

Osnovala ga je 2012. godine grupa mladih entuzijasta u Beogradu na čelu sa Zoricom Mitrović i tadašnjim konzulom u Ambasadi Makedonije u Beogradu Marjanom Jovanoskim. Inicijativa je potekla od udruženja Makedonium iz Beograda, koje je u tom periodu realizovalo veliki broj programa i aktivnosti.

Hronološki tok aktivnosti

Tokom 2021. godine pripremljena je i izvedena dvojezična pozorišna predstava „Vetar u tapetu” pod pokroviteljstvom Fondacije za otvoreno društvo, Ministarstva kulture i Nacionalnog saveta Makedonaca u Srbiji. Zoran Mitrović, mladi beogradski glumac makedonskog porekla po motivima Mrožekove drame napisao je sopstvenu duo dramu, i ne samo da ju je napisao, već i režirao i igra u njoj zajedno sa kolegom Nemanjom Simićem. Predstava je igrana širom Srbije, pa i u Nišu.

Tokom 2019. godine realizovan je projekat osmišljavanja, pripreme i izvođenja dvojezične dečje predstave „Veliki princ“, koja je izvedena povodom Međunarodnog dana deteta, 20. novembra, u Domu omladine u Pančevu, za učenike koji uče makedonski jezik sa elementima nacionalne kulture. Predstava je igrana u Jabuci i u Leskovcu.

Tokom 2016. godine Forum je bio domaćin aktivnosti povodom obeležavanja jubileja – 70 godina od doseljavanja Makedonaca u Južni Banat. Tim povodom u Centru za kulturu Pančevo održana je svečana akademija na kojoj su govorili tadašnji predsednici Republike Srbije i Republike Makedonije Tomislav Nikolić i Đorđe Ivanov.

Etno muzika

Godine 2016. naši ugledni članovi koji se bave etnomuzikologijom Goran Milošev i Julijana Jovanović iz Novog Sada obavili su terenska istraživanja u Jabuci i Kačarevu, koja su kasnije objavljena u vidu knjige „Muzičko-igračka tradicija Makedonaca u Kačarevu“, koja je omogućila trajnu evidenciju postojanja makedonske nacionalne zajednice na ovim prostorima i književnosti koju će buduće generacije moći da proučavaju i koriste u svom radu – muzici i plesu, što je čini glavnim delom, jednim od najvažnijih dela koja ima makedonski zajednica u Srbiji do sada. Knjiga je promovisana u Kačarevu, Pančevu, kao i u Institutu „Matica srpska“ u Novom Sadu, navodi Zorica Mitrović.

„Makedonija u mojim očima“

Članovi Foruma organizovali su nagradni konkurs za fotografije iz Makedonije pod nazivom „Makedonija u mojim očima“, u okviru kojeg su nam mladi iz cele Srbije poslali svoje najlepše fotografije snimljene u Makedoniji. Za njih se glasalo na društvenoj mreži Fejsbuk, a glasanju se uključilo više od 3.000 ljudi. Glavnu nagradu obezbedio je Forum u saradnji sa agencijom za promociju turizma Makedonije, vikend u čuvenom Kruševu.

Nakon uspeha ovog projekta osmislili smo jednogodišnji ciklus takmičenja u okviru kojih su mladi u Srbiji imali priliku da iskažu svoju kreativnost u različitim oblicima, inspirisani lepotom i bogatstvom Makedonije, a mi kao organizacija imali smo priliku da se još više promovišemo i animiramo.i „probudimo“ još veći broj mladih Makedonaca u Srbiji da nam se pridruže.

Održan je i literarni konkurs na kojem su nam mladi iz Srbije slali svoje radove na makedonskom i srpskom jeziku na temu „Makedonija u mojim očima“, prevela je Jovanka Srbinoska (profesor makedonskog jezika i član Foruma), a žiri u sastavu Iskra Peneva i Saša Mladenović (pesnici, članovi Foruma) odabrao je tri najbolja rada. Dvojezični zbornik radova objavljen je u saradnji sa Makedonskim bibliotečko-informativnim centrom u Pančevu, a knjiga je promovisana na manifestaciji koju smo organizovali povodom Međunarodnog dana maternjeg jezika, 21. februara 2014. godine, kaže Zorica Mitrović.

Humanitarne aktivnosti

Na forumu se realizuju i humanitarne aktivnosti povodom proslave rođendana Tošeta Proeskog – aktivnost sa najdužom i neprekidnom tradicijom u FMM. Svake godine, 25. januara, članovi FMM organizuju humanitarne aktivnosti, kao što su dobrovoljno davanje krvi i koncert za prikupljanje sredstava. Aktivnosti su održane u Beogradu, Pančevu, Nišu i Novom Sadu. Do sada su na koncertima učestvovali Tijana Dapčević, Tamara Todevska, Danijel Kajmakovski, Tribute bend Toše Proeski, KUD „Makedonija“ iz Štipa, a prikupljenim sredstvima pomogli su organizaciju Belhospies i organizaciju NURDOR. Forum mladih Makedonaca je aktivan učesnik u programima i projektima u okviru programa Erazmus+, u okviru kojih obezbeđuje učesnike i predavače na seminarima širom Evrope.

Radio, druženje, kultura…

Tokom 2013. godine formirali smo i organizovali probe pevačke grupe „Etno forum“ sa kojom smo nastupali u beogradskoj Skadarliji, zajedno sa pevačkim društvom Lunjina iz Beograda i nacionalnim ansamblom Toše Proeski iz Pančeva. Posle tog nastupa organizovali smo prvu makedonsku žurku u Beogradu.

Svojevremeno je postojala i onlajn radio stanica – Mladinsko Radio Forum, koju je uređivao Oliver Jakimov, ali je zbog nedostatka adekvatne, odnosno tehničke opreme i prostora kratko trajala.

U saradnji sa udruženjem Makedonium realizovali smo manifestacije „Makedonski kulturni akteri“ i Dani makedonske kulture u Beogradu „Dodir Makedonije“.

Mladi u akciji

Na osnovu partnerstva sa organizacijama iz Evropske unije, a u okviru programa Mladi u akciji, omogućili smo našim članovima neformalno obrazovanje, seminare, treninge i treninge na teme omladinskog aktivizma, manjinskih prava i integracije. Kao partnerska organizacija učestvovali smo u međunarodnim projektima u Briselu, Sarajevu, Sremskim Karlovcima, Mavrovu, Štipu, Ankari, Kardifu, Istanbulu, Jorku, Siciliji, Londonu i Korči, u kojima je učestvovalo ukupno 25 naših članova ili predstavnika.

Pokrenuli smo i projekat otvaranja makedonskih kutaka u gradskim bibliotekama u Srbiji, čiji je krajnji cilj afirmacija i promocija makedonske pisane reči. Donaciju knjiga dobili smo od štamparije „Evropa 92“ iz Kočana, a te knjige se danas nalaze u biblioteci udruženja Makedonium u Beogradu, kaže Zorica Mitrović..

U saradnji sa organizacijom Otvorena komunikacija, FMM je organizovao debatu na temu dugogodišnjeg spora Makedonije sa Grčkom.

Dvočlani timovi su raspravljali da li Makedonija treba ili ne treba da promeni ime, ali nisu iznosili svoje, lične stavove. Svrha debate je bila da se kroz igru uvežba veština govora i nadmudrivanja, a da se ne donosi konkretan zaključak.

Pored Nebojše Kolundžića i Jovana Petronijevića, među debatantima su bili i Helena Ivanov, najbolja govornica na Svetskom univerzitetskom debatnom prvenstvu u Indiji 2013, i njen kolega Stefan Siriđanski, koji je na istom takmičenju osvojio drugo mesto.

Žiri, u čijem su sastavu bili Risto Ristovski (diplomirani politikolog, iskusni debatant i stručnjak za ovu temu) i Tijana Mitanoski, član FMMS i organizator debate, odlučio je da je uspešniji bio tim koji je zastupao stav da Republika Makedonija ne treba da menja svoje ustavno ime. Tako je odlučila i publika, u kojoj su, pored članova Foruma, bili i studenti i srednjoškolci, članovi debatnih klubova u Beogradu.

Kruna rada u toj godini je potpisani Memorandum o saradnji sa Kancelarijom za ljudska i manjinska prava Vlade Republike Srbije, u kojem je definisana bliža saradnja, ali i inicijativa za uključivanje mladih pripadnika Makedonske nacionalne manjine u projektu Stažiranje u institucijama Vlade Republike Srbije, koji je već uključio mlade iz bosanske, romske i albanske nacionalne zajednice.

Praznici

Forum mladih Makedonaca tradicionalno je obeležio dolazak pravoslavne nove godine, kao i praznik Sv. Vasilija Velikog, u narodu poznatog kao Vasilica, sa sukanim zeljanikom (u kome je stavljen novčić) i drugim makedonskim specijalitetima i vinom. To se radi na simboličan način, pomešano sa nekoliko tradicionalnih običaja u Makedoniji. Svi stavljaju simboličnu sumu novca na zeljaniku, koga uvek sprema neko iz udruženja. Zatim se zeljanik okreće i svako uzima po komad. Dok se ne pojede poslednje parče, ne kaže se u kom delu se nalazi novčić. Srećni dobitnik, od trenutka kada pokaže novac, postaje domaćin večeri i sa novcem na zeljaniku časti  pićem. U čast dolaska pravoslavne Nove godine, prisutni razmenjuju i novogodišnje poklone, a druženje i dobra zabava nastavljaju se do kasno uveče.

U okviru konferencije za mlade lidere „Izazovi i prilike za balkansko rukovodstvo danas“ koju je organizovao Kabinet predsednika Republike Makedonije – Nj.E. dr Đorđe Ivanov predstavili su i Forum mladih Makedonaca, koji deluje u okviru makedonske zajednice u Srbiji, od članova FMM: Zorice Mitrović, Nataše Nikolovske, Andreja Luneskog i Konstantina Koceva, koji su takođe bivši učesnici. škola za mlade lidere. Zastupljena su sva tri stuba delovanja makedonske zajednice u Srbiji, kao i NIU MIIC i Makedonsko poslovno udruženje.

Kao organizacija na početku svog funkcionisanja, bili smo deo procesa koji je doveo do kreiranja Prve nacionalne strategije makedonske nacionalne zajednice u Srbiji 2013-2023, kreirajući  strategiju za mlade Makedonce u Srbiji, zaključuje Zorica Mitrović.

 

Leave a reply