РОДЕНДЕНИТЕ СЕ ХАРМОНИЈА НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО И ЗАЕДНИШТВОТО/ ROĐENDANI SU HARMONIJA PRIJATELJSTVA I ZAJEDNIŠTVA
Родендените се хармонија на пријателството и заедништвото, а членските книшки се клучот на вратата на пријателството и заедништвото, велат во Здружението на Македонците „Вардар“ Ниш
Еден од убавите обичаи на Здружението на Македонците „Вардар“ од Ниш е почитувањето и зачувувањето на традициите на самото друштво. Една од многуте традиции на Здружението е прославувањето на родендените на своите членови.
Во срцето на Ниш, во Трговско-деловниот центар „Калча“, втор кат, ламела „Ц“, во локал број 82, секој последен четврток во месецот носи посебна радост за членовите на Здружението на Македонците „Вардар“ Ниш. Тој ден не е обичен четврток – тоа е ден во кој традиционално се слават родендените на членовите родени во тековниот месец. Така беше и во четвртокот на 29. 02. 2024. година кога во просториите на Здружението беа одбележани и прославени родендените на 10 членови на Здружението, родени во јануари и февруари: Гордана Петковиќ, Лепосава Мириќ, Верица Вулиќ, Лолита Маринковиќ, Зорица Петрушевски, Невена Бабиќ, Милчо Тодоровски, Марјан Јованов, Нела Радовановиќ и Слаѓана Видојковиќ.
Во просториите на Здружението, исполнети со звуците на македонската музика, владееше радосна атмосфера додека членовите се собираа да одбележат уште една година од животот на своите пријатели – членови. Просторијата што Здружението ја користи за собири и за својата работа е украсена со боите и симболите на Македонија и Србија, со бројни освоени признанија и награди и мирисите на традиционалните јадења, подготвени од членовите – славениците (бројни слатки и солени ѓаконии, разни кифлички, пити, торти и слатки, тестенини, скара и заедничка роденденска торта) кој измамуват радос на лицата на сите присутни.
Секој роденден се одбележува со пригодно обраќање од страна на претседателот на Здружението г-дин Благе Петрушевски, со топли и искрени честитки за роденденците, со доделување пригодни подароци и со здравица – со неизбежната мастика. По формалностите, следува забавниот дел од вечерта – заедничка роденденска прослава, музика која ги собира сите присутни, песни, игри и дружење на членовите. Има една изрека дека Здружението на Македонците „Вардар“ од Ниш е единственото здружение во Ниш кое им дава верба, надеж, радост и среќа на своите членови и секој што се дружи со нив, во ритам од седум осмини.
Се разбира, каква радост ќе бидне во Здружението ако не се слушнат и запеат македонски песни и заиграат македонски ора, но и српските. Имено, кога започна музиката, заспаниот Калча се разбуди со Чапа и рече „Така бре Македонче, стани и заиграј да те гледам… Знаеш дека Калчо не лаже …“. А Македончето му одговори „Бре, бре Калчо, а да видиш и слушнеш што ќе биде за прославата на 8 март, Денот на жената, во еден од омилените ресторани …“ кого го слави и Здружението на Македонците Вардар од Ниш, вели Петрушевски.
Приказните за успесите, предизвиците и животните авантури проникнуваат низ просторијата, создавајќи невидлив мост меѓу сите присутни. Постарите членови им даваат мудрост на младите, а младите носат свежа енергија и ентузијазам. Хармонијата на различноста, која го карактеризира оваа здружение, се рефлектира во различноста на членовите и нивните приказни.
Овие роденденски прослави станаа симбол не само на одбележување на одредени години, туку и на цврста поврзаност во рамките на Здружението, а секоја наредна со нетрпение ја очекуваат, како следните славеници, така и другите членови. Некои можеби дојдоа како странци, но станаа дел од семејството на „Вардар“.
Секој роденденски четврток во месецот во просториите на Здружението на Македонците „Вардар“ Ниш не е само можност за прославување роденден. Тоа е и ден кога со свеченото врачување на членските книшки се запознаваат новите членови на семејство „Вардар“ од Ниш.
На новопримените членови претседателот на здружението свечено им врачува членска книшка, додека на неговото лице блеска изразот на радос и топлината на дочекот. Посебна возбуда завладува кога претседателот ги кани новопримените членови да ја добијат членската книшка, а тие со насмевка пристапуваат да добијат честитки и членска книшка. Овојпат членски книшки добија Бранислава Милошевиќ и Милчо Тодоровски. Во здружението врачувањето на членската книшка не е само формалност, туку симбол на влегување во заедницата на пријатели, во Друштвото за добро расположение. Секако, овој свечен чин се одбележува и со фотографии.
Постарите членови од срце им честитаат на новите, пренесувајќи ги своите искуства и традиции на Здружението. Новите членови не само што стануваат дел од здружението, туку и чувари на традицијата, вели Петрушевски.
Книшките за членство стануваат клучеви кои ги отклучуваат вратите на заедништвото и припадноста на Здружението.
Членската книшка е внимателно и прекрасно дизајнирана, како одраз на богатството на македонската култура и наследство, единството и блискоста на македонскиот и српскиот народ, како и љубовта и лојалноста кон нашиот царски град Ниш.
Оваа традиција не само што ги почестува новите членови, туку и ги потсетува сите присутни на силата на заедништвото. Книшките за членство стануваат сведоци на вредностите што членовите ги споделуваат и ги негуваат во Здружението.
На крајот на вечерта, додека се замолчуваат последните тонови од музиката и се враќа локалот во секојдневниот ред и состојба, останува чувството на заедништво, пријателство и среќа поради добро помината вечер и дружење.
Членовите на Здружението на Македонците „Вардар“ Ниш гордо ги чуваат своите традиции, градат мостови меѓу генерациите и го прават секој роденден незаборавен.
Нема доволно зборови за да се опише овој прекрасен настан, но направените слики уште подобро ќе ја опишат и разубават оваа радос, вели Петрушевски.
Rođendani su harmonija prijateljstva i zajedništva a članske knjižice ključ od vrata prijateljstva i zajedništva, poručuju iz Udruženja Makedonaca „Vardar“ Niš.
Jedan od lepih običaja Udruženja Makedonaca „Vardar“ iz Niša je poštovanje i očuvanje tradicije samog udruženja. Jedna od mnogih tradicija Udruženja je proslavljanje rođendana članova udruženja.
U srcu Niša, u Trgovinsko poslovnom centru „Kalča“, drugi sprat, lamela „C“, u lokalu broj 82, svaki poslednji četvrtak u mesecu donosi posebnu radost za članove Udruženja Makedonaca „Vardar“ Niš. Taj dan nije običan četvrtak – to je dan kojim se tradicionalno proslavljaju rođendani članova rođenih u tekućem mesecu.
Tako je bilo i u četvrtak, 29. februara 2024. godine, kada je u prostorijama Udruženja obeležen i proslavljen rođendan 10 članova Udruženja, rođenih u januaru i februaru: Gordane Petković, Leposave Mirić, Verice Vulić, Lolite Marinković, Zorice Petruševski, Nevene Babić, Milčo Todorovski, Marjan Jovanov, Nela Radovanović i Slađana Vidojković.
U prostorijama Udruženja, uz zvuke makedonske muzike, vladala je vesela atmosfera dok su se članovi okupljali da proslave još jednu godinu života svojih prijatelja – članova. Prostorija koju Udruženje koristi za okupljanje i za svoj rad ukrašena je bojama i simbolima Makedonije i Srbije, osvojenim nagradama i priznanjima i mirisima tradicionalnih jela, koje su pripremili članovi – slavljenici (brojne slatke i slane đakonije, razne kiflice , pite, torte i slatkiši, testenine, roštilj i zajednička rođendanska torta) koji mame osmeh na lica svih prisutnih.
Svaki rođendan obeležen je prigodnim obraćanjem predsednika Udruženja Blaga Petruševskog, toplim i iskrenim čestitkama slavljenicima, darivanjem prigodnih poklona i zdravicom – uz neizostavnu mastiku. Nakon formalnosti, sledi veseli deo večeri – zajednička proslava rođendana, muzika koja okuplja sve prisutne, zakuska, pesme, igre i druženje članova. Kruži izreka da je Udruženje Makedonaca „Vardar“ iz Niša jedino udruženje u Nišu koje svojim članovima i svima koji se druže sa njima, u taktu sedam osmina, daje veru, nadu, sreću, radost i veselje.
Naravno, kakva bi radost bila u Udruženju da se ne čuju makedonske pesme i igre ali i srpske. Naime, kada se zaorila muzika, probudio se usnuli Kalča sa Čapom i javio „To bre Makedonče stani i zaigraj da te gledam Ja …… Ti znaš da kod Kalče nema laganje…..“. Ama Makedonče mu odgoviri „Bre, bre Kalčo, da vidiš i da čuješ šta će da bidne za proslavu 8 marta, Dana Žena, u jednom od omiljenih restorana…“ koji takođe Udruženje Makedonaca Vardar iz Niša obeležava, kaže Blage Petruševski, predsednik Udruženja.
Priče o uspesima, izazovima i životnim avanturama prožimaju prostoriju, stvarajući nevidljivi most između svih prisutnih. Stariji članovi daju mudrost mladima, a mladi donose svežu energiju i entuzijazam. Sklad različitosti, koji karakteriše ovo udruženje, ogleda se u različitosti članova i njihovih priča.
Ove rođendanske proslave postale su simbol ne samo obeležavanja pojedinih godina, već i čvrste povezanosti unutar Udruženja, a svaka sledeća se željno iščekuje, kako od narednih slavljenika, tako i ostalih članova. Neki su možda došli kao stranci, ali su postali deo porodice „Vardar”.
Svaki rođendanski četvrtak u mesecu u prostorijama Udruženja Makedonaca „Vardar“ Niš nije samo prilika za proslavu rođendana. To je i dan kada se svečanim uručenjem članskih knjižica upoznaju novi članovi porodice „Vardar“ Niš.
Novoprimljenim članovima članske knjižice svečano uručuje predsednik udruženja, dok na njegovom licu sija izraz i toplina dobrodošlice. Posebno uzbuđenje zavlada kada predsednik pozove novoprimljene članove da prime svoju člansku kartu, a oni sa osmehom prilaze primaju čestitke i svoju člansku kartu. Ovog puta svoje članske karte primili su Branislava Milošević i Milčo Todorovski. Trenutak uručenje članske knjižice nije samo formalnost, već simbol ulaska u zajednicu prijatelja, u Društvo dobrog raspoloženja. Naravno, ovaj svečani čin se obeležava i fotografijama.
Stariji članovi od srca čestitaju novim, prenoseći svoja iskustva i tradiciju Udruženja. Novi članovi ne samo da postaju deo udruženja, već i čuvari tradicije, kaže Blage Petruševski.
Članske knjižice postaju ključevi koji otključavaju vrata zajedništva i pripadnosti Udruženju.
Članska knjižica je pažljivo i lepo dizajnirana, odražavajući bogatstvo makedonske kulture i nasleđa, jedinstvo i bliskost makedonskog i srpskog naroda, kao i ljubav i odanost našem carskom gradu Nišu.
Ova tradicija ne samo da odaje počast novim članovima, već i podseća sve prisutne na snagu zajedništva. Članske knjižice postaju svedoci vrednosti koje članovi dele i neguju unutar Udruženja.
Na kraju večeri, dok se utišavaju poslednji tonovi muzike i prostorija se dovodi u svoj svakodnevni red i stanje, ostaje osećaj zajedništva, prijateljstva i sreće zbog dobro provedene večeri i druženja.
Članovi Udruženja Makedonaca „Vardar“ Niš sa ponosom nose svoju tradiciju, grade mostove među generacijama i čine svaki rođendan nezaboravnim.
Nema dovoljno reči da se opiše ovaj divan događaj, ali snimljene slike će još bolje opisati i ulepšati ovo zadovoljstvo, kaže Blage Petruševski.
***Ovaj tekst deo je projekta sufinansiranog sredstvima Ministarstva informisanja i telekomunikacija. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove organa koji je dodelio sredstva.