КИРИЛ КОТЕВСКИ – АКАДЕМСКИ МУЗИЧАР И АВАНТУРИСТ/ KIRIL KOTEVSKI – AKADEMSKI MUZIČAR I AVANTURISTA
Кирил Котевски, музичар, пејач, дипломирал на Музичката академија во Скопје. Моментално е наставник во основно училиште во Ниш.
Образование и музичка кариера
Роден сум во Битола, 01.10.1962 година како втор син во работничко семејство.
Музикалноста ја наследив од баба ми, така барем велат постарите, која убаво пеела и знаела многу народни песни. Татко ми свиреше гитра и имаше другари кои беа мераклии за песна па така и ние, нивните деца, слушавме и учевме се што покасно не оформи како личности.
При крајот на основното училиште, конечно покрај брат ми научив да свирам гитара. Велам конечно затоа што брат ми и некои мои врсници веке одамна свиреа а јас фигурирав повеке како пеач.
После основно училиште се запишав во средното музичко училиште кое имаше како и самиот град Битола долга и богата музичка традиција. Четири години свирев виолончело и често моите другари смееки се ми велеа дека ако фати некоја поплава само јас ке се спасам оти имам чамец кој го носам ваму-таму секој ден. Во тој период имав група со која свиревме забави и собиравме искуство и репертоар што подоцна многу ни значеше.
Кога завршија средношколските години цела моја генерација замина во ЈНА па така и јас.
Воениот рок го одслужив во Умаг, мало градче на хрватското приморје во Истра.
Гарнизонот беше мал така да јас бев единствениот војник од мојата класа што имаше некакво музичко образование па со самото тоа ми дадоа обврска да формирам хор и оркестар.
Од тој период посебно би ги издвоил заедничките настапи со женскиот гимназијски хор од Бује.
Музиката и уметноста како универзален јазик и мост што ги поврзува разликите
Годините што следуваа на музичката академија во Скопје мислам дека се најубавиот период во мојот живот а мислам дека се и најубав период за сите жители на тогашната Југославија, држава која искрено ја сакавме и се гордеевме со нејзините природни убавини, со нејзината севкупна креативност и со различноста на народите кои живееа во неа.
Студентските денови беа проткаени со многу учење, вежбање и свирење ама и со многу забава.
Во тоа време покрај обврските на факултет свирев и пеев, заедно со мојот сегашен кум и приател Ненад Стошић, во најдобрите скопски кафулиња, бев член во оркестарот на КУД „Металец“при металскиот завод „Тито“ и секое лето по два месеци свиревме во Германија како улични музичари. Тоа музицирање продолжи и после завршувањето на факултетот зато што заработувавме, за тоа време, доста пари а и имавме живот полн со возбудувања.
Од тоа време би сакал да го издвојам дружењето со многу музичари и забавувачи кои покасно станаа и Европски па и светски познати музичари и инструменталисти: Един Карамазов, Зоран Маџиров, Миро Видовић и т.н.
Во една прилика минхенското Радио 1 не ангажираше, како победници на нивната утринска емисија „Избор на најдобар минхенски уличен бенд“ да учествуваме на фестивалот за улични музичари во Хамбург кој траеше три дена. Искуството да се настапува пред многубројна публика на различни бини, а притоа да те организаторот третира како sвезда, беше преубаво.
Како распадот на СФРЈ ги раселени луѓето во нови држави
Во Скопје студираа и многу студенти од Србија така да, после се, многу од нив заради љубов останаа таму, во Македонија, а многу од нас завршија ваму, во Србија, од како се раздружија федеративните републики на Југославија, за жал.
Међутоа, мене љубовта не ме доведе во Ниш ами ангажманот во „Пиано бар“во кој заедно со мојот кум свиревме неколку сезони. И токму тука ја запознав мојата, сега бивша, сопруга заради која и останав да живем и работам во Ниш.
Текот на професионална музичка кариера: академија, улични свирки, фестивали
Мојата прва авторска песна ја напишав во средно училиште а потоа со времето напишав околу триесетина забавни, народни и детски песни.
Првата песна „Дојрански спомени“ за продукцијата на Македонската Радио- Телевизија ја снимив дуетски заедно со мојот долгигодишен другар Томче Јанкуловски, со кого долги години свиревме и пеевме како дуо, пролета 1983 год.
После тоа следеше настап на Спот фестивалот 1985 год со мојата песна „Лице во лице“за која снимивме и спот.
Во наредните години на „Макфест“ моите песни „Љубовна песна“ и „Тања“ги изведуваа Зерина Цокоја (1991) и групата „Три пати на ден“(1992) а следните две години на Макфест настапував како кантавтор со песните „Крај твојот прозор“ и „Дури жив сум ке пеам“.
Како кантавтор деведесетите години настапував на Скопскиот фестивал со шест песни, од кои сигурно најуспешна моја песна, според публиката, беше „Да ли ноква си сонувала“.
Во тој период настапував како кантавтор и на „Нишка јесен“(1992) и на „Београдско пролеће“(1996) а во исто време нпишав и две народни песни за „Гоце фест“ и околу десетина песни за деца изведувани на фестивалите „Си- До“ во Битола, „Мајска песма“- Ниш, потоа на детските фестивалите во Кикинда и Штип.
Во последно време покрај тоа што настапувам самостално на разни забави најповеке во Ниш бев ангажиран и околу емисијата „Никад није касно“ која оди на програмата на Прва телевизија секоја недела во вечерниот термин.
Моите четири настапи сигурно на било кој начин ги забави гледачите крај малите екрани и покажа мал дел од мојот афинитет према музиката која најповеке су ја сакал сите овие години а тоа е поп и рок музиката.
Кире, како музички педагог.
Тука е и мојата педагошка работа во две основни училишта „Десанка Максимовић“- Катун и „Лела Поповић“- Миљковац веднаш до Ниш како наставник по музичка култура.
Ми беше задоволство да работам уште и во две средни училишта во Македонија, ( Музичкото училиште во Битола и гимназијата „Јосиф Броз Тито“ во Неготино) и во средното музичко училиште овде во Ниш како и во ОУ „Душан Радовић“во кое најголемо задоволство ми беше работата со школскиот оркестар со кого секогаш на регионално ниво бевме први а на републичко ниво втори.
Музика, но и љубов и страст за патување
Патував често, не ме држеше место, живеев од воз до автобус и обратно и бев авантуристички настроен тип.
Планинските висини ми беа предизвик, а морињата ме правеа уште поголем романтик.
Историјата и географијата покрај музиката беа и останаа моја незапознаена љубов.
И сам и со моите сакани видов доста и секогаш се воодушевував на вештините кои не сум ги видел и на тоновите кои не сум ги слушнал, на другите народи, на другите вери.
Со нишките планинари секоја слободна недела ја запознавав Србија.
Би сакал секој друг да ја види барем колку што сум ја видел јас. Едно е сигурно- убава е како Македонија.
Здружението Вардар шири позитивна енергија
Секако дека имам голема љубов и кон нашето Здружение на Македонци „Вардар“ Ниш.
Горд сум на здружението за се што прави за зачувување на традициите и културата на македонскиот народ, за збогатување на културните настани во Ниш, за хуманитарното ангажирање и за одбележување на значајните датуми за македонскиот и српскиот народ.
Јас сум еден од постарите членови на здружението и бев и во непосредното раководство на здружението.
Задоволство ми е кога лично свирам и пеам на прославите што ги организира Здружението (Македонска вечер, Ден на здружението, 8 март, Илиндан…). За мене тоа е посебно задоволство, свирка за моите драги сонародници и пријатели, насмеани лица, разиграни и среќни луѓе, пријатели, позитивна енергија само таква.
Па да, јас сум горд што сум татко на дипломиран психолог Петар (27) и мојата убавица Ленка (4) кои ми дадоа причина да не остарам и ми подарија уште една младост.
Животот е навистина чудо и живеам само за да ми се случи уште некое…
Kiril Kotevski, muzičar, pevač, diplomirao je na Muzičkoj akademiji u Skoplju. Trenutno je nastavnik osnovne škole u Nišu.
Obrazovanje i karijera
Rođen sam u Bitolju 1. oktobra 1962. godine kao drugi sin u radničkoj porodici.
Muzikalnost sam nasledio od bake, bar tako kažu stariji, koja je dobro pevala i znala mnoge narodne pesme. Moj otac je svirao gitaru i imao prijatelje koji su bili strastveni za pevanje, tako da smo mi, njihova deca, slušali i naučili sve ono što nas je kasnije formiralo kao ličnosti.
Na kraju osnovne škole konačno sam naučio da sviram gitaru sa bratom. Kažem konačno, jer moj brat i neki moji vršnjaci već dugo sviraju, a ja sam bio više pevač.
Posle osnovne škole upisao sam srednju muzičku školu, koja je imala dugu i bogatu muzičku tradiciju, poput grada Bitolja. Četiri godine sam svirao violončelo i često su mi nasmejani prijatelji govorili da, ako dođe do poplave, samo ja ću biti spasen, jer imam čamac koji nosim tu i tamo svaki dan. U tom periodu imao sam grupu sa kojom smo svirali i skupljali iskustvo i repertoar koji nam je kasnije mnogo značio.
Kada su završile gimnazijske godine, cela moja generacija je otišla u JNA, pa i ja.
Odslužio sam vojni rok u Umagu, gradiću na hrvatskoj obali u Istri.
Garnizon je bio mali, tako da sam bio jedini vojnik u klasi koji je imao neku vrstu muzičkog obrazovanja pa su mi dali obavezu da formiram hor i orkestar.
Iz tog perioda posebno bih izdvojio zajedničke nastupe sa ženskim gimnazijskim horom iz Buja.
Muzika i umetnost kao univerzalni jezik i most koji povezuje različitosti
Godine koje su usledile na Muzičkoj akademiji u Skoplju, mislim da su najlepši period u mom životu i mislim da su najlepši period za sve stanovnike tadašnje Jugoslavije, zemlje koju smo iskreno voleli i ponosili se njenom lepotom, njenom ukupnom kreativnošću i raznolikošću naroda koji su u njoj živeli.
Studentski dani bili su protkani sa puno učenja, vežbanja i igre, ali i sa puno zabave. Tada sam, pored fakultetskih obaveza, svirao i pevao, zajedno sa sadašnjim kumom i prijateljem Nenadom Stošićem, u najboljim skopskim kafanama. Bio sam član orkestra KUD-a „Metalec“ pri metalskom institutu „Tito“ i svakog leta smo po dva meseca svirali u Nemačkoj, kao ulični muzičari.
Ta muzika se nastavila i po završetku fakulteta jer smo za to vreme zaradili mnogo novca i imali smo život pun uzbuđenja.
Iz tog vremena izdvajam druženje sa mnogim muzičarima i zabavljačima koji su kasnije postali evropski i svetski poznati muzičari i instrumentalisti: Edin Karamazov, Zoran Madžirov, Miro Vidović i dr.
Jednom prilikom nas je Minhenski Radio 1 angažovao, kao pobednike svoje jutarnje emisije „Izbor najboljeg minhenskog uličnog benda“, za učešće na Hamburškom festivalu ulične muzike. Taj festival je je trajao tri dana. Iskustvo nastupa pred mnogobrojnom publikom na različitim scenama, dok vas organizator tretira kao zvezdu, bilo je divno.
Kako je raspad SFRJ „raselio“ ljude u nove države
Mnogi studenti iz Srbije su studirali u Skoplju, tako da su, ipak, mnogi od njih ostali tamo zbog ljubavi. Oni u Makedoniji, a mnogi od nas su završili ovde, u Srbiji. Tako se desilo posle raspada Savezne Republikae Jugoslavije, nažalost .
Međutim, mene u Niš nije dovela ljubav, već angažman u „Piano baru” u kome smo kum i ja svirali nekoliko sezona. I tu sam upoznao svoju, sada već bivšu, suprugu zbog koje sam ostao da živim i radim u Nišu.
Profesionalna muzička karijera: akademija, ulične svirke, festivali
Prvu autorsku pesmu napisao sam u srednjoj školi i onda sam tokom vremena napisao tridesetak zabavnih, narodnih i dečjih pesama.
Prvu pesmu „Dojranska sećanja” snimio sam za produkciju Radio-televizije Makedonije, kao duet sa svojim dugogodišnjim prijateljem Tomčetom Jankulovskim, sa kojim smo dugo godina svirali i pevali kao duo, u proleće 1983. godine.
Usledio je nastup na Video festivalu 1985. godine sa mojom pesmom „Face to Face” za koju smo snimili spot.
Narednih godina na „Makfestu” su moje pesme „Ljubavna pesma” i „Tanja” izvodile Zerina Čokoja (1991) i grupa „Tri puta dnevno” (1992), a naredne dve godine na Makfestu sam nastupao kao kantautor sa pesmama „Kod tvog prozora“ i „Dok sam živ pevaću”.
Kao kantautor devedesetih, nastupao sam na Skopskom festivalu sa šest pesama, od kojih je moja najuspešnija pesma, po mišljenju publike, bila „Da li si ikada sanjao”.
U tom periodu nastupao sam kao kantautor na „Niškoj jeseni” (1992) i „Beogradskom proleću” (1996) i istovremeno napisao dve narodne pesme za „Goce fest” i desetak pesama za decu. Te dečje pesme izvođene su na festivalima „Si-To“ u Bitolju, na „Majskoj pesmi“- Niš, zatim na dečijim festivalima u Kikindi i Štipu.
U poslednje vreme, pored samostalnog nastupa na raznim žurkama, uglavnom u Nišu, učestvovao sam u emisiji „Nikad nije kasno” koja je na programu Prve televizije svake nedelje u večernjim satima.
Moja četiri nastupa su svakako na neki način zabavila gledaoce na malim ekranima i pokazala mali deo mog afiniteta prema muzici, koju najviše volim svih ovih godina, a to je pop i rok muzika.
Kire, kao muzički pedagog
Tu je i moj pedagoški rad u dve osnovne škole „Desanka Maksimović“ u selu Katun i „Lela Popović“ u selu Miljkovac kod Niša. Radim kao nastavnik muzičke kulture.
Bilo je zadovoljstvo raditi u još dve srednje škole u Makedoniji (Muzička škola u Bitolju i Gimnazija „Josip Broz Tito” u Negotinu), u Srednjoj muzičkoj školi ovde u Nišu i u Osnovnoj školi „Dušan Radović”. U ovoj poslednjoj mi je najveće zadovoljstvo bio rad sa školskim orkestrom sa kojim smo uvek bili prvi na regionalnom, a drugi na republičkom nivou.
Muzika, ali i strast prema putovanjima
Da, često sam putovao, nije me držalo mesto, živeo sam od voza do autobusa i obrnuto i bio sam avanturistički tip.
Planinske visine su mi bile izazov, a mora su me učinila još romantičnijim.
Istorija i geografija, pored muzike, bili su i ostali moja ljubav. Video sam mnogo i sa sobom i sa svojim najmilijima i uvek sam se divio veštinama koje nisam video i tonovima koje nisam čuo, o drugim narodima, drugim religijama.
Svake slobodne nedelje sretao sam Srbiju sa niškim planinarima.
Voleo bih da je svi drugi vide bar onoliko koliko i ja. Jedno je sigurno – lepa je kao Makedonija.
Udruženje Vardar širi pozitivnu energiju
Naravno, tu je i ljubav prema našem Udruženju Makedonaca“Vardar“ Niš.
Ponosan sam na udruženje, za sve ono što čini na očuvanju tradicije i kulture makedonskog naroda, na obogaćivanju kulturnih dešavanja u Nišu, na humanitarno angažovanje i na angažovanje u obeležavanju značajnih datuma za makedonski i srpski narod.
Jedan sam od starijih članova udruženja, a bio sam i u užem rukovodstvu.
Zadovoljstvo mi je kada lično sviram i pevam na proslavama koje Udruženje organizuje (Makedonsko veče, Dan udruženja, 8. mart, Ilindan …). To je za mene posebno uživanje, svirka za moje drage sunarodnike i prijatelje. Nasmejana lica, razigrani i srećni ljudi, prijatelji, pozitivna energija samo tako.
Ponosan sam i što sam otac diplomiranom psihologu Petru (27) i moje lepotice Lenke (4) koji su mi dali razlog da ne starim i dali mi drugu mladost.
Život je zaista čudo i živim samo da mi se još nešto lepo dogodi.
Ovaj projekat sufinansiran je sredstvima Ministarstva kulture i informisanja Republike Srbije. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove organa koji je dodelio sredstva.