ЉУБИЦА УДОВИЧИЌ: ВАЖНО БЕШЕ ДАЛИ СИ ЧОВЕК ИЛИ НЕ, И ТОГАШ И СЕГА. / VAŽNO JE DA SI ČOVEK.

ЉУБИЦА УДОВИЧИЌ: ВАЖНО БЕШЕ ДАЛИ СИ ЧОВЕК ИЛИ НЕ, И ТОГАШ И СЕГА. / VAŽNO JE DA SI ČOVEK.

Љубица Удовичиќ од родната Битола пристигнала во Ниш пред повеќе од половина век. Со 80 години тaa е најстарата, но и најактивната членка на Здружението на Македонците „Вардар“ Ниш. Во Ниш дошла со сопругот Верољуб кој е родум од Србија. Ова е нејзината приказна.

Ljubica i Veroljub Udovičić

Роденa сум 1942 година во Битола, од мајка Сирма и татко Вангел Ристовски, а во Ниш со семејството дојдов околу 1967 година. Зошто од Охрид дојдов во Ниш? Па затоа што мојот сопруг Верoљуб беше воено лице на ЈНА, родум од Ново Село кај Врњачка Бања и кога доби прекоманда во Ниш, нормално беше да појдам со маж ми.

Кога дојдовме во Ниш, брзо се навикнав на новата средина, знаете, тогаш беше силна држава Југославија и се чувствував убаво насекаде, дури и овде во Ниш. А сега, како навлегов во некои години, чувствувам се поголема носталгија за мојата Македонија и моето семејство.

Дали ви некогаш „сметало“ што сте Македонка?

Тоа што сум Македонка по националност никогаш не ми пречело, нормално. Кога се преселивме во Ниш, повторувам тогаш никој не ме праша од која националност сум, важно беше дали си човек или не. Тоа беше важно и тогаш и сега.

Ljubica sa sinom Nenadom

Кои се разликите меѓу животот во Југославија и Србија?

Разликата меѓу животот во поранешна Југославија и денешна Србија е голема. Тоа се одразува пред се во душевниот мир и безбедноста што ја имаа граѓаните на Југославија, а сега во Србија мислам дека тоа им недостига на сите. Дури и дружењето меѓу луѓето беше поинтензивно и поискрено. Едвај чекам да се дружам со другите членови на нашето Здружение секој четврток, ретко кога пропуштам да се дружам и да учествувам во тимовите на Здружението, на сите можни настани.

Кој е рецептот за активен живот во староста?

Волјата. Тоа е единствениот двигател на човекот. Само најблиските знаат колку маки и стресови имав во животот, но преживеав и издржав се. Човекот е посилен и од карпа, само ако не го потресат животните проблеми на кои наидува.

Како станавте член на Здружението? Во кои активности сте учествувавала?

Во нашето Здружение се вчленив во 2013 година. Од моментот кога се зачленив бев вклучена во речиси сите активности во кои Здружението се претставуваше и учествуваше. А да активности имаше, имаше.

Бев особено активна во презентирањето јадења од македонската национална кујна, но учествував и на литературни вечери, одбележувања значајни датуми на македонскиот и српскиот народ, во хуманитарни активности и секако во реализацијата на „Деновите на македонската култура“.

Да не заборавам, во 2017 година учествував како член на тимот на Здружението на полуфиналната национална манифестација „Излези ми на тегла“ во Ниш и финалето во Соко Бања, на „вурдијадата“ во Бабушница, на манифестацијата „Нашиот сув леб“ во с. Пирковац, на бројни натпревари во подготовка на рибја чорба, секоја година на „Македонската вечер“ што ја организираме по повод Светите браќа Кирил и Методиј и …

Раководството на Здружението го вреднуваше мојот ангажман со тоа што ме прогласи за НАЈАКТИВЕН член на Здружението во 2017 и 2018 година. Ова признание ми значи многу и ме поттикна понатаму да се вклучам во Здружението. Досега само јас двапати ја имам освоено оваа награда и се гордеам со себе.

Дали имало моменти кога сте плачеле од среќа или тага?

Жива сум и многу емотивна особа. Мислам дека нема човек кој барем еднаш во животот не заплакал поради тага или радост. Сум плачела многу пати во животот од тага, и нормално е дека многу пати сум плачела од среќа.

Дали сте задоволна со работата на Здружението? Што може да биде подобро?

Среќна сум што сум член на нашето здружение, со мојот син Ненад и мојата братучетка Росанда.

Што може да биде подобро во Здружението? Мислам дека треба само да ја надминеме оваа моментална епидемиолошка состојба со ковидот 19 и нема потреба да менуваме ништо во Здружението, нека остане се како што беше досега, повторно да се дружиме, да го претставуваме нашето Здружение, да ги збогатиме културните настани во Ниш и работиме да ги зближуваме македонскиот и српскиот народ.

Дали вѝ недостасува нешто од татковината?

Од мојата Македонија, како што стареам се повеќе ми недостасуваат членовите на моето најблиско семејство, а посебно внуците.

Дали се уште имате контакти со роднини во Македонија?

Се разбира, мојот внук Борче Наумовски живее во Битола, а моите двајца браќа и сестра живеат во Сиднеј во далечната Австралија.

LJUBICA UDOVIČIĆ: VAŽNO JE BILO DA SI ČOVEK, I TADA I SADA!

Ljubica Udovičić iz rodnog Bitolja u Niš je stigla pre više od pola veka. Sa svojih 80 godina najstariji je, ali i najaktivnij član Udruženja Makedonaca “Vardar” Niš. U Niš je došla sa svojim suprogom, rodom iz Srbije. Ovo je njena priča.

Ljubica u Ohridu

Rođena sam 1942. godine u Bitolju, od majke Sirme i oca Vangela Ristovskog, a u Niš sam sa porodicom došla oko 1967. godine. Zašto iz Ohrida u Nišu? Pa zato što je moj suprug Veroljub bio vojno lice Jugoslovenske narodne armije, rodom iz Novog sela kod Vrnjačke Banje, i kada je dobio prekomandu za Niš normalno je bilo da pođem sa suprugom.

Kada smo došli u Niš ja sam se brzo privikla na novu sredinu, znate tada je to bila jedna jaka država, Jugoslavija i svuda sam se osećala lepo, pa i ovde u Nišu. A sada, kako sam ušla u neke godine osećam sve veću nostalgiju za mojom Makedonijom i mojom familijom.

Da li vam je ikada „smetalo“ što ste Makedonka?

To što sam po nacionalnsti Makedonka nikada mi nije zasmetalo, normalno. Kada smo se doselili u Nišu, ponavljam u to vreme niko nije pitao koje si nacionalnosti, važno je bilo jesi li čovek ili nisi. To je bilo važno tada a i sada.

Koje su razlike između života u Jugoslaviji i Srbiji?

Ljubica sa suprugom

Razlika između života u nekadašnje Jugoslavije i sadašnje Srbije je velika. Ogleda se prvenstveno u duševnom miru i sigurnosti koju su građani u Jugoslaviji imali, a sada u Srbiji mislim da to svima nedostaje. Pa i druženje između ljudi je bilo intenzivnije i iskrenije. Ja, jedva čekam svaki četvrtak da se družim sa ostalim članovima našeg Udruženja, retko kada prpoustim druženje i učešće u ekipama Udruženja na svim mogućim manifestacijama.

Koji je recept za aktivan život i u starijem dobu?

Volja. To je jedini pokretač čoveka. Koliko sam ja muka i stresova imala kroz život to znaju samo moji najbliži, ali eto sve sam preživela i izdržala. Čovek je jači i od stene, samo ukoliko ga ne pokolebaju životni problemi sa kojima se susreće.

Kako ste postala članica Udruženja? U kojim aktivnostima ste učestvovali?

U naše Udruženje učlanila sam se 2013. godine. Od momenta kada sam se učlanila, bila sam uključena u skoro sve aktivnosti na kojima se predstavljalo i učestvovalo Udruženje. A da je aktivnosti bilo, bilo ih je. Posebno sam bila aktivna u predstavljanju jela iz makedonske nacionalne kuhinje ali učestvovala sam i u književnim večerima, obeležavanju značajnih datuma makedonskog i srpskog naroda, u humanitarnim aktivnostima i naravno u realizaciji „Dana makedonske kulture“.

Naravno, da ne zaboravim, učestvovala sam 2017. godine kao član ekipe Udruženja na polufinalnoj republičkoj manifestaciji „Izađi mi na teglu“ u Nišu i finalnoj u Soko Banji, na „vurdijadi“ u Babušnici, na manifestaciji „Hleb naš nasušni“ u s. Pirkovcu, na brojnim takmičenjima u spremanju riblje čorbe, svake godine na „Makedonsko veče“ koje organizujemo povodom Svetih braća Ćirila i Metodije i …

Rukovodstvo Udruženja moje angažovanje je vrednovalo tako što me je 2017 i 2018. godine proglasilo za NAJAKTIVNIJU članicu Udruženja. Ovo priznanje meni mnogo znači i ono me je podstaklo na dalje angažovanje u Udruženju. Do sada sam samo ja ovo priznanje osvojila dva puta i ponosna sam na samu sebe.

Da li je bilo trenutaka kada stee zaplakali od sreće ili tuge?

Živo sam i veoma emotivno biće. Mislim da nema čoveka koji nije barem po jednom u životu zaplakao zbog tuge ili radosti. Ja sam u životu mnogo puta zaplakala zbog tuge, a normalno je da sam više puta zaplakala i zbog sreće.

Da li ste zadovoljna radom Udruženja? Šta bi moglo biti bolje?

Radosna sam što sam članica našeg udruženja, sa mojim sinom Nenadom, i mojom rođakom Rosandom. Šta bi moglo bolje u Udruženju? Mislim da prevaziđemo ovu trenutnu epidemiološku situaciju sa kovidom 19 i u Udruženju nema potrebe ništa da se menja, neka ostane sve kako je do sada bilo, da se opet družimo, da predstavljamo naše Udruženje, obogaćujemo kulturna dešavanja u Nišu i radimo na zbližavanju makedonskog i srpskog naroda.

Da li vam i šta nedostaje iz domovine?

Iz moje Makedonije, kako starim sve više mi nedostaju članovi moje najbliže familije, a posebno moji unučići.

Da li i dalje ima kontakte sa rodbinom u Makedoniji?

Naravno, u Bitolju živi moj sestrić Borče Naumovski, a moja dva brata i sestra žive u Sidneju u dalekoj Australiji.

Ovaj projekat sufinansiran je sredstvima Ministarstva kulture i informisanja Republike Srbije. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove organa koji je dodelio sredstva.

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com