Приказна за Благоје Илијевски, потполоковник на музичката служба во пензија. Воен музичар во Ниш. Како стигнал таму? Како течеше неговата професионална кариера и како дојде да започне проекти? Кој беше мотивот, која беше инспирацијата?

“Секоје патување почнува со првиот корак”, ја цитирам кинеската пословица, па така ќе ја  почнам оваа моја приказна.

Роден сум во Скопје во музичка фамилија,таткоми Божин бил воен музичар во Кралството на Југославија, пред втората светска војна, а од 1944.год.во редовите на ново формираната војска ЈНА, а каријерата ја заврши 1956. год. како поручник. Најстариот брат Трајко исто така воен музичар каријерата ја заврши како капетан I класа, средниот брат Илија воен музичар каријерата ја заврши како полковник и ја Благоје воен музичар, најмлад во фамилијата каријерата ја завршив како подполковник.

По завршувањето на основното училиште во Скопје средното училиште го продолжив во Военото музичкото училиште /ВМШ/ во Вуковар, каде го почнав а го завршив во Земун после преселувањето на училиштето од Вуковар во Земун. Со чин постар водник прва класа, првата служба ми беше во Ресен најужниот град во СФРЈ на обалите на Преспанското езеро. После две години одам во Куманово, да би пак после две години дошол во Ниш 1969.год. каде ја завршив воената служба 2001.год.

Во меѓувреме во овие изминати години положив испит за потпоручник а покасно и за мајор да би ја каријерата завршил како потполковник прво како воен музичар флејтиста, потоа В.Д. раководител и диригент во воениот оркестар Ниш, и на крај како заменик на диригентот на воениот оркестар.

Во овој период Воениот оркестар беше институција и еден од главните носители на културниот живот во Ниш со голем број концерти учество на скоро сите прослави, јубилеји,културни настани, како војни така и цивилни на теритоеијата на Ниш и цела југоисточна Србија.

Оркестарот има добиено голем број признаниа и награди за својата делатност од разни институции а како најголемо признание меѓу другите би ја спомнал најголемата награда на Ниш,/октомвриска награда, награда на градот Ниш/ која е доелена прв пат на еден воен колектив од Ниш, а се доделуваше на 14.октомври по повод ослободувањето на Ниш во врората светска војна.

За последните десетина години од минатиот век не би многу зборувал али би напоменал дека се случи распадот на СФРЈ, што донесе многу промени во животот на сите граќани како во Србија така и ширум другите републики.

Јас живеев во Ниш а служев и работев како официр во ФНРЈ, СФРЈ,СРЈ и каријерата ја завршив во СЦГ. Ретко кој човек кој не мрдна од место живее во четири или пет држави. И така по 1991.год. по распќањето на Југославија се промени статусот на Македонците и другите народи по потекло од другите републикии кога од равноправни граќани на Југославија сите станавме малцинство во Р.Србија.

Ангажирање во Здружението на Македонци “Вардар” Ниш    

По заврашувањето на војничката и уметничката кариера, и со стекнување на пензионерскиот статус, размислувањата одеа во правец  “Што понатаму да се работи во животот”. Во тек на тие размислувања пристигна поканата за учество на собирот на Македонци интелектуалци, кој се одржа во Јабука покрај Панчево, со тема положбата на македонското национално малцинство во Србија, согледувајќи ги сите аспекти од уставот и законите за положбата на малцинствата во Србија, и како да се почне со остварувањата на малцинските права.

Во согласност со размислувањата од овој собир Гоце Нечовски, Владо Даштевски јас Благоје Илијевски а покасно и Софија Петковиќ се согласивме да формираме здружение кое би ги собирало македонците на едно место за остварувањата на малцинските права во областите на инаформирањето, образованието, културата и службената употреба на јазикот и писмото.

И така на 20.декември 2002. год. во Собранието на градот Ниш со учество на педесетина македонци и други учесници го формиравме Здружението на граѓани од македонското национално малцинство за Нишавската околија Вардар Ниш.

Не знаевме ништо ни како да работиме, во кој правец да се движиме, но со помош на луѓе како Гојко Илиевски од Пожаревац, Осман Балиќ од Ниш и други полека, полека стекнувавме искуство на сите полиња потрбни за остварувањата на човечките и малцинските права.

Ми беше чест да бидам прв преседател на здружението кое го водев во два мандати се до 2014.година удирајќи ги темелите на здружението кое израсна во едно од најдобрите  здружение во Р.Србија, добивајќи два пати признание за најдобро здружение.  Чест и обврска да ги настви позитивните правци на работата и надоградба на темелите на здружението ги презеде Благе Петрушевски кој е денес актуелен председател на здружението.

Со голема помош на Националниот совет а и со нашиот голем ангажман остваривме голем број активности скоро на сите полиња во представување на здружението како носител на разни активности како за македонците во Ниш така и за останатите граѓани, со што покажуваме дека сме лојални граѓани на Србија и  не ги забораваме корените од кај потекнуваме.

Македонската вечер, Прославата на Илинден, Прославата на значајни датуми, Учество на разни манифестации, Квизот за деца Запознај ја татковината на твоите родители и предци за повеќе да ја сакаш, Деновите на Македонската кулрура, Изложбите Сви мостови Ниша, Извори и изворишта Ниша, Сакрални објекти Ниша, се само дел од големите активности кои ги негува здружението на радост на сите граѓани на Ниш.

Како работевте на трите проекта? Кој помогна? Кој или што, можеби, одмогна?

Како што напоменав негде на почетокот со одење во пензија и со предавањето на должноста председател на здружението и добивање повеќе слободно време се роди идејата за остварување на нешто ново што досега го нема направено никој во Ниш. А тоа се проектите кој ги остварив за пориод од шест години.

Првиот на кој работев е “СВИ МОСТОВИ НИША” каде по обиколката на целата територија на Ниш, а тоа се пет општини и седумдесет приградски населби и села, пронајдов, евидентирав и сликав околу 170 мостови на седум реки и осум потоци.

Мотив за овој проект ми беше текстот на нашиот нобеловец Иво Андриќ кој за мостовите вели, ”Од свега што човек у животном нагону подиже и гради, ништа није у мојим очима боље и вредније од мостова. Они су важнији од кућа, светији, општији од храмова.Свачији и према сваком једнаки, корисни, подигнути увек смислено, на месту на коме се уктштају највећи број људских потреба, истрајни су од других грађевина и не слиже ничем што је тајно и зло”.

Шетајќи поред реките и потоците наидов на голем број извори што ми ја даде идејата за вториот проект “ИЗВОРИ И ИЗВОРИШТА НИША”. Ако знаеме дека водата е елемент без кој нема живот на нашава планета, решив да ги пронајдам по можност сите извори во Ниш и оклината.

И така пронајдов, евидентирав и сликав преку 150 извори, како и големите изворишта од кој Ниш се снабдува со една од најкавлитетните води во овој дел на планетата.

Кај што има вода има и живот а дел од животот се и сакралните објекти кои по правило се покрај изворите. И уште еднаш ми се роди идеа да ги пронајдам сите сакрални објекти на територијата на градот Ниш.

Проектот “САКРАЛНИ ОБЈЕКТИ НИША” е третиот проект со кој заокружив еден триптх на јавните добра на градот Ниш. Мислам дека успеав да ги пронајдам, евидентирам и сликам  скоро сите сакрални објекти на територијата на Ниш. Сите три проекти се попратени со успешни изложби на кои ги запознав граѓаните на Ниш со она што само јас едини во Ниш го имам видено евидентирани и сликано.Со тоа дадов можност сите граѓани кои ги посетија изложбите да бидат сведоци заедно со мене, на нешто што ретко можат да го видат на едно место.

Сите овие три изложби дадоа можност да се запознаеме со нишките споменици на природата кои имаат духовно,културно,научно,еколошко,образовно,здравствено-рекреативно и туристички потенцијал и представуваат непроцениво богатство на градот Ниш.

Новинарска работа во списанија на македонски јазик

По оснивањето на Македонскиот национален совет се формираа и останатоте попратни институции меѓу кој е и МИИЦ /македонскиот информативен,издавачки центар/кој во својата активност ги покрена списаниата како што се Македонска виделина /информативно-политичко гласило/ Ѕуница, Видело и други публикации,како и преведувачка активност од српски на македонски и обратно.

Како беа потребни дописници од сите здружениа ја прифатив  улогата за дописник од Ниш придржувајќи се на општите правила “кој, каде, колку, како и зошто”. И така веќе околу петнаесетина години во скоро секој број на Виделина има некој извештај од активностите на здружението Вардар од Ниш. Понекогаш се јавувам и во Нова Македонија од Скопје како и во дневникот Нишке Народни новине.

Преглед на минатото, сегашниот момент и иднината

Сите овие активности а ги има уште голем број како од животот кој ми донесе големи радости а исто така и таги, работата во воениот оркестар, здружението, националниот совет, патувања, ми го исполнија животот и ми преставуваа големо задоволство, затоа што првенствено запознав голем број луѓе од сите краишта, видов преубава природа  и необични места, слушнав за многу настани, пробав разни специјалитети, како и други доживувања, за кои да ги опишам би ми требало многу многу време и простор.

 

Priča o Blagoju Ilijevskom, Makedoncu i Nišliji, vojnom muzičaru u penziji, autoru projekata o istoriji, geografiji i arhitekturi Niša „Svi izvori i izvorišta Niša“, „Svi mostovi Niša“ i „Sakralni objekti Niša, juče, danas, sutra“, počinje u Skoplju,  u porodici muzičara i profesionalnih vojnika. Iz Makedonije, priča se seli u Niš, gde i dalje traje.

Blagoje Ilijevski – svi muskarci u porodici bili su vojni
oficiri u JNA

„Svako putovanje počinje prvim korakom“, citiram kinesku poslovicu, pa ću tako započeti ovu svoju priču. Rođen sam u Skoplju u muzičkoj porodici, moj otac Božin je bio vojni muzičar u Kraljevini Jugoslaviji, pre Drugog svetskog rata, a od 1944. godine u redovima novoformirane vojske JNA, a karijeru je završio 1956. godine. kao potporučnik. Najstariji brat Trajko, takođe vojni muzičar, završio je karijeru kao kapetan prve klase, srednji brat Ilija, vojni muzičar, završio je karijeru kao pukovnik, i ja Blagoje, vojni muzičar, najmlađi u porodici, koji sam završio karijeru. kao potpukovnik.

Nakon završene osnovne škole u Skoplju, srednju školu nastavio sam u Vojnomuzičkoj školi /VMS/ u Vukovaru, gde sam počeo i završio u Zemunu nakon preseljenja škole iz Vukovara u Zemun.

Sa činom starijeg vodnika prve klase, moj prva služba bila je u Resenu, najjužnijem gradu SFRJ na obali Prespanskog jezera. Posle dve godine odlazim u Kumanovo, da bi posle dve godine došao u Niš 1969. godine, gde sam završio svoju vojnu karijeru 2001. godine.

U međuvremenu sam poslednjih godina položio ispit za potpukovnika a kasnije i za majora da bih završio karijeru potpukovnika, prvo kao vojni muzičar flautista, zatim V.D. vođa i dirigent u vojnom orkestru Niš, i na kraju kao zamenik dirigenta vojnog orkestra.

Blagoje Ilijevski (drugi sleva): u vojnom orkestru na doceku druga TIta

Vojni orkestar je u ovom periodu bio institucija i jedan od glavnih nosilaca kulturnog života Niša sa nizom koncerata. Učestvovali smo na gotovo svim proslavama, jubilejima, kulturnim manifestacijama, kako vojnim, tako i civilnim na teritoriji Niša i cele jugoistočne Srbija.

Orkestar je za svoj rad dobio mnoga priznanja i nagrade od raznih institucija, a kao najveće priznanje između ostalih naveo bih najveću nagradu Niša, (Oktobarsku nagradu, nagradu grada Niša), koja je prvi put dodeljena vojnom kolektivu iz Niša, a dodeljivala se 14. oktobra povodom oslobođenja Niša u Drugom svetskom ratu.

Ne bih mnogo govorio o poslednjih desetak godina prošlog veka, ali bih napomenuo da je došlo do raspada SFRJ, koji je doneo mnoge promene u životima svih građana u Srbiji i širom ostalih republika.

Živeo sam u Nišu i služio i radio kao oficir u FNRJ, SFRJ, SRJ, a karijeru sam završio u državi Srbija i Crna Gora. Retko ko, ko se nije selio, je mogao da živi u četiri ili pet država. I tako posle 1991. godine nakon raspada Jugoslavije, promenio se status Makedonaca i drugih naroda iz drugih republika, kada smo od ravnopravnih građana Jugoslavije svi postali manjina u Republici Srbiji.

Angažovanje u Udruženju Makedonaca “Vardar” Niš i Nacionalnom savetu Makedonaca

Po završetku vojne i umetničke karijere, i sticanju statusa penzionera, pitao sam se šta dalje u životu. Tokom tih razmatranja stigao je i poziv za učešće na skupu makedonskih intelektualaca, održanom u Jabuci kod Pančeva, o položaju makedonske nacionalne manjine u Srbiji, sagledavajući sve aspekte ustava i zakona o položaju manjina u Srbiji i kako da počne da ostvaruje manjinska prava.

U skladu sa razmišljanjima ovog skupa Goce Nečevski, Vlado Daštevski i ja, Blagoje Ilijevski, a kasnije i Sofija Petković, dogovorili smo da formiramo udruženje koje bi okupilo Makedonce na jednom mestu za ostvarivanje manjinskih prava u oblasti informisanja, obrazovanja, kulture i službene upotrebe jezika i pisma.

I tako 20.12.2002. u Skupštini grada Niša i uz učešće pedesetak Makedonaca i drugih učesnika, formirali smo Udruženje građana makedonske nacionalne manjine za Nišavski okrug „Vardar Niš“.

Nismo znali ništa kako da radimo, u kom pravcu da se krećemo, ali uz pomoć ljudi poput Gojka Ilievskog iz Požarevca, Osmana Balića iz Niša i drugih, polako stičemo iskustva u svim oblastima neophodnim za ostvarivanje ljudskih i manjinskih prava.

Bila mi je čast da budem prvi predsednik udruženja koje sam vodio u dva mandata do 2014. godine, postavljajući temelje udruženja koje je izraslo u jedno od najboljih udruženja u Republici Srbiji, dobivši dva puta nagradu za najbolje udruženje. Blage Petruševski, koji je danas aktuelni predsednik udruženja, preuzeo je čast i obavezu da nastavi u pozitivnim pravcima rada i nadograđuje temelje udruženja.

Proširujući prava koja su data Zakonom o nacionalnim savetima 2004. godine u Beogradu uz učešće delegata iz cele Srbije i šire, formirali smo Makedonski nacionalni savet, gde sam izabran za potpredsednika Nacionalnog saveta.

Uz veliku pomoć Nacionalnog saveta i naše veliko angažovanje ostvarili smo niz aktivnosti u skoro svim oblastima u predstavljanju udruženja kao nosioca raznih aktivnosti za Makedonce u Nišu i ostale građane, što pokazuje da smo lojalni građani Srbije i da ne zaboravljamo korene odakle potičemo.

Makedonsko veče, Ilinden, Obeležavanje značajnih datuma, Učešće na raznim manifestacijama, Dečji kviz Upoznajte domovinu svojih roditelja i predaka da bi je više voleo, Dani makedonske kulture, Izložbe „Svi niški mostovi“, „Niški izvori i česme“, „Sakralni objekti Niša“ su samo deo velikih aktivnosti koje neguje udruženje na radost svih građana Niša.

Kako ste radili na ta tri projekta? Ko je pomogao? Ko ili šta je, možda, odmoglo?

Kao što sam negde na početku pomenuo, odlaskom u penziju i predajom dužnosti predsednika udruženja i dobijanjem više slobodnog vremena, rodila se ideja da se postigne nešto novo što niko u Nišu do sada nije uradio. A to su projekti koje sam realizovao u periodu od šest godina.

Prvi koji sam radio bio je „SVI MOSTOVI NIŠA“ gde sam nakon obilaska cele teritorije Niša, a to su pet opština i sedamdeset prigradskih naselja i sela, pronašao, snimio i evidentirao oko 170 mostova na sedam reka i osam potoka. Moj motiv za ovaj projekat bio je tekst našeg nobelovca Ive Andrića koji o mostovima kaže: „Od svega što čovek podiže i gradi u svom životnom instinktu, ništa u mojim očima nije bolje od vrednosti i vrednosti mosta. Oni su važniji od kuća, svetiji, opštiji od hramova”.

Šetajući uz reke i potoke naišao sam na niz izvora koji su mi dali ideju za drugi projekat „Izvori i izvorišta Niša“. Ako znamo da je voda element bez kojeg nema života na našoj planeti, odlučio sam da pronađem eventualno sve izvore u Nišu i okolini i tako pronašao, snimio i fotografisao preko 150 izvora, kao i velika izvorišta sa kojih se Niš snabdeva jednom od najkvalitetnijih voda u ovom delu planete.

Tamo gde ima vode ima života i deo života su svetinje koje se po pravilu nalaze pored izvora. I opet mi se rodila ideja da nađem sve svetinje na teritoriji grada Niša. Projekat „Sakralni objekti Niša” je treći projekat kojim sam završio triptih o javnim dobrima grada Niša. Mislim da sam uspeo da pronađem, snimim i oslikam skoro sve sakralne objekte na teritoriji Niša.

Sva tri projekta prate uspešne izložbe na kojima sam Nišlije upoznao sa onim što sam samo ja u Nišu video, snimio i fotografisao, i omogućio im da sve to vide na jednom mestu.

Sve ove tri izložbe pružile su nam priliku da se upoznamo sa niškim spomenicima prirode koji imaju duhovni, kulturni, naučni, ekološki, obrazovni, zdravstveno-rekreativni i turistički potencijal i predstavljaju neprocenjivo bogatstvo grada Niša.

Novinarski rad u časopisima na makedonskom jeziku

Nakon formiranja Nacionalnog saveta Makedonije, osnovane su i druge prateće institucije, uključujući MIIC (Makedonski informativno-izdavački centar) koji je u svojoj delatnosti pokrenuo časopise kao što su Makedonska Videlina, informativno-politički list, Zunica, Videlo i druge publikacije, kao i prevodilačka delatnost sa srpskog na makedonski i obrnuto.

Kako su nam bili potrebni dopisnici iz svih udruženja, prihvatio sam ulogu dopisnika iz Niša, držeći se opštih pravila „ko, gde, koliko, kako i zašto”. I tako već petnaestak godina u skoro svakom broju Videlina nalazi se izveštaj o delovanju udruženja Vardar iz Niša. Ponekad zovem Novu Makedoniju iz Skoplja kao i dnevni list Niške Narodne novine.

Prošlost, sadašnjost i budućnost

Sve ove aktivnosti i još mnogo toga iz života koje su mi donele velike radosti ali i tuge, rad u vojnom orkestru, udruženju, nacionalnom savetu, putovanja, ispunile su moj život i bile su mi veliko zadovoljstvo. Prvi put  sam upoznao veliki broj ljudi sa svih strana, video sam  prelepu prirodu i neobična mesta, čuo sam za mnoge događaje, probao razne specijalitete, kao i druga iskustva za koja bi njihovo opisivanje oduzelo mnogo vremena i prostora.

Ovaj projekat sufinansiran je sredstvima ministarstva Kulture i informisanja republike Srbije. Stavovi izneti u podržanom medijskom projektu nužno ne izražavaju stavove organa koji je dodelio sredstva.